Зборник на Миладиновци/ 376 песна
375 песна | 376 песна од Браќа Миладиновци |
377 песна |
на современ македонски правопис. |
Попова керка викаше
От високите чардаци,
От ситни дробни пармаци:
„Елате моми убави,
Елате збор да зборвиме!
Оти ке доит татарот
Со дванадесет татари
Со тие црни Арапи,
Мене ке млада попленет,
Ке ме однесат в Јанино
В Јанино при Али паша,
Баш робинчица да бидам
Шербет и кафе да служам.”
Уште ми речта не рече,
Стигнае пусти т'атари
Со тие црни Арапи,
Попоа керка зедое,
Ми ја однесое Јанино
Јанино при Али паша,
Баш робинчица да бидит,
Шербет и кафе да служит.