368 песна 369 песна

од Браќа Миладиновци
370 песна
на современ македонски правопис.


„Стани, сине, стани, паша ми те викат,
Тимар да препишиш Арнаутска земја!”
„Не ме викат мајка, тимар да препишам,
Пашата ме вика, глава да ми земит.”
„Што грешка ми имаш, глава да ти земит?”
„Пашината керка, од бања излезе
Измиена, мајко, лепо изтриена;
Ја си фатиф, мајко, пашината керка,
Па си ја избакнаф и си ја исчипах;
Затова мене, мајко, пашата ме викат,
Пашата ме викат, глава да ми земит.”