356 песна 357 песна

од Браќа Миладиновци
358 песна
на современ македонски правопис.


Поминуам, заминуам,
Пусти порти затворени,
Прелазени, преградени,
Со две сламки 'ржанои;
Моме спиет стреде дворје
Стреде дворје на одарот;
Над глаа му бардак вода
Во бардакот киска цвеке.
Не сум вода да прелеам,
Не сум змиа да се проврам,
Не сум елен да прескочам,
Не сум пиле да прелетам.