350 песна 351 песна

од Браќа Миладиновци
352 песна
на современ македонски правопис.



Ѓул девојче под ѓул ми заспало,
Ветер веит, а ѓул ми се ронит,
Девојка је на грло падинат,
Ѓул девојче от сон се разбудвит,
Богу ми се тога помолила:
„Дај ми, боже, очи соколови,
Дај ми, боже, криља л'бедови,
Да прелетам три девет планини,
Та да падна во цареа војска,
Да отберам момче спроти мене,
Што не пиет вино и ракиа,
Што не пиет кафе и тутуна;
От кафето срце поцрнато,
От тутуна кука попљувана,
От ракиа мома нељубена,
От виното јорган поб'љвано.
Дај ми, боже, ѓерѓеф от биљура,
Дај ми, боже, игла от мерџана,
Да навеза смиљаго јоргана,
Да покриам себе и јунака,
Да си видам јунак како спиет!”