347 песна 348 песна

од Браќа Миладиновци
349 песна
на современ македонски правопис.


Момето одит на езерото,
Да ми налеит бисерна вода,
Две ведра в р'це, ведро на глава,
Да му измиет беќару ноѕе,
Да му измиет дур до колена,
Да му избришит со бела риза.
Момето одит на езерото,
Да ми налеит бисерна вода,
Да му измиет беќару лице,
Да избришит со алшамиа.
Момето одит на езерото,
Да ми налеит бисерна вода,
Да му измиет беќару р'це,
Беќару р'це дур до рамена,
Да му избришит сос бела чевре.