342 песна 343 песна

од Браќа Миладиновци
344 песна
на современ македонски правопис.


Легнала левен Ѓурѓа заспала
Широко поле, Ѓурѓа, крај море
Под она дрво маслинка.
Повеа силен ветер от море,
Скршило гранка, Ѓурѓо, маслинка,
Удрило мала мома по гр'ди.
От сон се мала мома разбуди,
Фатила мала мома да плачит,
От срце мала мома да к'лнит:
„Дегиди ветер, џаним, ветриште!
Никако ветер, боже, не веал,
Што мене млада от сан разбуди,
Слатки соништа, џаним, си гледаф.
Поминаха до три луди млада,
Првото мене даде јаболко,
Второто мене даде злат прстен,
Трекото мене, џаним, целива.
Тој што ми даде, џаним, јаболко,
Как него, боже, да се тркалит,
Тој што ми даде, џаним, злат прстен,
Низ него, боже,. да се провриет;
Тој што ме мене, џаним, целива,
Дај ми го, мили боже, на јаве.
Век да поминам, боже, сос него.