315 песна 316 песна

од Браќа Миладиновци
317 песна
на современ македонски правопис.


„Стојно, мори Стојно!
Утре ке ти дојда.”
„Немуј, лудо, немуј,
Ваја вечер не иди.
Дојди, лудо, дојди,
Дојди утре вечер;
Мајка ке ми оди
Горни воденици.
Облак ќа ја вати,
И грат ќа заврни,
Порој ќа ми стечи,
Мајка ќа остани,
Па ти да ми дојдиш.”