309 песна 310 песна

од Браќа Миладиновци
311 песна
на современ македонски правопис.



Оф леле боже милечек!
Не можа д' ода на пазар
От тие пусти бакали;
Црни маслинки давает,
Црни ми очи сакает.
Оф леле боже милечек!
Не можа д' ода на вода
От тие пусти рибари;
Бели летници давает,
Бели ми р'це сакает.
Оф леле боже милечек!
Не можа д' ода на фурна
От тие пусти симиди;
Бели симиди давает,
Бело ми лице сакает.