302 песна 303 песна

од Браќа Миладиновци
304 песна
на современ македонски правопис.



Влаинче дворје метеше,
И со Сондефче зборвеше;
„Сондефче, мило хубаво!
Да не го виде момчето!”
„Влаинче лепо, хубаво!
Иди питај го вујка ти,
Сношти си дошол от пазар.
„Вујче ле, мили вујче ле!
Да не го виде момчето?”
„Влаинче лепо, хубаво!
Момчето беше на пазар,
С момчиња камен фрљаше,
С невести збор си чинеше.”