286 песна 287 песна

од Браќа Миладиновци
288 песна
на современ македонски правопис.


„Стани, жено, фрк к'дела!”
„Поспи, поспи, мили м'жу,
Змија фучит во к'деља,
Смок се вие на вретено.”
„Стани, жено, фрк попара!”
„Така, така, мили м'жу!
Бог да прости кој те родил!”
И ми стана опалена,
Да ми сркат фрк попара.