281 песна 282 песна

од Браќа Миладиновци
283 песна
на современ македонски правопис.



„Петкано бела Вардарко,
Ејгиди црно отбрано
Во сто тоари чеинца
Во Вардар цвеке секакво!
Бери, Петкано, дá носи.”
„Како да берам, да носам?
Cиноќ сум била на свадба,
Сите момчина на танец,
Моето аро в пепелта;
Сите момчина биниши,
Моето момче кожуфче;
Сите момчина калпаци,
Моето аро шапчиште;
Сите момчина тозлуци,
Моето аро опинци;
Сите момчина шалвари,
Моето аро бечвишта;
Очите му се в бочвата,
Р'цете му се в ношвите.”