Зборник на Миладиновци/ 261 песна

Рада 261 песна

од Браќа Миладиновци
262 песна
на современ македонски правопис


Разболела се убаа Јана.
Кој ќе поит по Јанина мајка,
3а да ја викнит Јанина мајка?
Иди ми, иди, Jaнини девер,
Иди ми викни Јанина мајка,
Немој је кажи, туку ја лажи:
„Ајде ми, ајде, Јанина мајка!
Повила ти је убава Јана
Повила ти је м'шконо дете.”
Отиде брго нејзе је каза;
Јанина мајка нему му рекла:
„Постој, почекај, Јанина деверу,
Јас д'а си влезам в земни килери,
Да си изваам свилни пелени
Свилни пелени, ибришим повој.”
И ја почека Јанинин девер,
Та и си влезе в земни килери,
И си изваде,свилни пeлeни,
Свилни пелени, ибришим повој;
И кинисале да ми одат.
И ми оделе, што ми оделе,
И достигнале к'де пол-п'ти,
Је примириса восок и темјан:
„Ејгиди, рече, Јанин деверче!
Што ми мирисат восок и темјан?”
И тој је рече, се отгоори:
„Ајде побрзај, Јанина мајка!”
И ми оделе, ми приблизале,
И се задале м'гли пракои,
По м'гли идат тешки носила,
На носилата та убаа Јана,
Прет носилата јагне раначе,
Прет Јана оит, за Јана блеит.
По Јана одат Јанина золва,
По Јана одат, негја ја плачит;
,,Ој Јана, Јано, еј мила снахо!
Кој ке ми плетит ситната леса,
Ситно плетана, често редена!”
Нејзина мајка тука примират,
Тука примират, одвај оживјат.