Зборник на Миладиновци/ 254 песна
253 песна | 254 песна од Браќа Миладиновци |
255 песна |
на современ македонски правопис |
Што си биле два брата родени,
Кинисале на пуста чужина,
Да ми стечат пapи да донесат.
Ми стојале до девет години,
Стекоа девет товари хазно.
Си тргнаа дома да си идат,
Ми појдоа в зелена ливада,
Ми седнаа двајца да се бричат;
Ми имале една пуста сабја,
Хазно дељат си го поделиа,
На сабјата дељба не се чинит;
Па истргна помалиот брат,
Ми го закла постариот брат.
Ми отговоре постариот брат:
„Ајти мој помалечок брате!
Како дома сега ке си поиш,
Како на мајка ти ке је кажиш!”
Се нажали на помалиот брат,
И истргна таа остра сабја,
И ми се закла тој сам себе.
Што ми рекол постариот брат:
„А ти горо, ти зелена горо!
Кој тука ке дојдит да му речиш,
Половин хазно в цркви да даит,
Четири товари тој да земит,
Еден тоар мајке да и даит.”