247 песна 248 песна

од Браќа Миладиновци
249 песна
на современ македонски правопис


На планина до два снега
Пот планина два извора,
Пот изворје ладна сенка,
Пот сенката ј унак лежит
С куршум удрен в полоина.
Два сокола нат глава му,
Коњот врзан за евлата,
Коњот 'ржит, не се држит;
„Стани, стани а стопане!
Фрли нога в узенгиа,
Твоја мајка жалоита,
Тук те барат дење, нoќe
От меана на меана,
Да не јадиш да не пиеш
Co japaни, пријатели,
Како адет што имаше.