Зборник на Миладиновци/ 242 песна
241 песна | 242 песна од Браќа Миладиновци |
Стојан и Бојана |
на современ македонски правопис |
Сношти моме го свршие, леле мале,
Се свило моме, та умрело;
Ми дочуло лудо младо,
Јавна коња да си идет;
Иде, иде, до полп'ти,
Се сви коња, да ми пукна.
Седна лудо да го плачит,
Не велеше леле коњу,
Тук' велеше леле моме.
Иде, иде до селото,
И ми најде два гробари,
Гробари ми rpoп пpaee;
И им велит лудо младо:
„А егиди два гробари!
За ошто го гроп праите,
Аљ за старо, аљ за младо?
Аљ за женско, аљ за машко?”
Му рекое два гробари:
,,Hи за старо, ни за младо,
З' едно моме посвршено?”
Тога рече лудо млада:
„Ова моме је моето.”
И викнало да ми плачит;
Не велеше леле мале,
Тук' велеше леле моме,
Леле моме прва љубов!
Алал чини бела риза,
Алал ти је злати прстен!”
Се простие обајцата.