Зборник на Миладиновци/ Шаина робина и Марко

Марко, Секула и краљ Латинина Шаина робина и Марко

од Браќа Миладиновци
Марко си грабит невеста
на современ македонски правопис


Отбегнала Шаина робина
Отбегнала от града Стамбола,
Попленила зелена пастуфа,
Отбегнала во гора зелена,
Mи удрила зелена чадора.
Личба личит цара от Стамбола,
Личба личит три дни и три ноке -
„Кој је јунак од јунака роден,
Да ја наит Шаина робина,
Вамо жива да ми јa донесит,
Јас му даам два бели градои,
Јас му даам града Каменлиа,
Скопје града до тиок Вардара.”
Никој ми се тога не најмело,
Најмело ce ж'лтоно Еврејче:
„Ајти тебе цape oт Стамбола:
Дај ми мене седумдес'т јунаци,
Јас ке појдам во гора зелена,
Ке загубам Шаина робина,
Ели жива ке ти ја донесам.”
И ми зеде седумдес'т јунаци,
Mи отиде во гора зелена.
Как приблиза кpaj зелени чадор,
Силно одит ж'лтоно Еврејче.
Од далеку Шаина му викат:
,, Застој те се седумдес'т јунаци,
Да си зберам моја црна коса!”
Је сторие ред и седнае,
Разседнае пo руда ледина.
Дур си собра своја црна кoca,
И запрегна поли и р'каи,
И ми јавна кобила ластојца,
И ми зеде сабја калаклиа,
Ce разврши пo руда ледина,
Еднош мавна сo p'кa десница,
Је загуби ж'лта Евреина;
Како удри на десно, на лево,
Mи загуби седумдес'т јунаци,
Им напраи седумдес'т гробој,
Таја сите ми и закопала;
Евреина не закопан остај,
Ја остаи н' еден мрамор плоча,
Да го кинет opли и аршлани.
Mи допуштат цара од Стамбола
Mи допуштат млада татарина,
Mи гo пуштат во града Прилепa.
Прау одит на Маркои порти,
Еднош кљуквит, a два п'ти виквит:
„Ја излези, Марко Кралевике!
От' сум пуштен од града Стамбола,
Ке ти даам книга аманета;
Тебе кажвет мошне добар јунак,
Ќа те пуштит цара од Стамбола,
Џеинк да чиниш с една женска полa,
Име имат Шаина робина.
Таја била мошне малечкава,
Кога ми је неа поплениле,
Лагам, фара таа не знаела.
Личба личит вo Стамбола града,
Кој јес јунак од јунака роден,
Да ја фатит Шаина робина,
Вамо жива да ми ja донесит.
И се најме ж'лтоно Еврејче,
Mи пособра седумдес'т јунаци,
Mи отиде да ми ја загубит;
A Шаина коса си чешлаше,
Молба стори да ми се застоет,
Дури да си коса пособерит;
Ред је чинит дури коса собра.
Тамо имат еден станој камен,
A во камен кобила ластојца;
Што ми летат тука не ми врвит.
Кога стана Шаина робина,
Запрегнала поли и р'каи,
Опасала сабја калаклиа,
Ce разврши пo руда ледина,
Загубила ж'лта Евреина
И другите седумдес'т јунака.”
Тог' говорит Марко Кралевике:
„Ајти тебе млада татарина!
Ајде одај во града Стамбола,
Нејќум другар да идет со мене,
Сам ја идам во гора зелена.”
И ми појде во гора зелена
Прау одит при зелени чадор;
A Шаина под чадор ми седит,
Од далеку Шаина му викаше:
„Добре дојде, незнаена дељо,
Аљ си Турчин, али си каурин?”
Mи говорит Марко Кралевике:
„Не сум Турчин, Шаина робина,
Тук ја сум, Шаина, хрисјанин.”
От која фара и роднина си?”
„Ајти тебе Шаина робино!
Јаска сум си Марко од Прилепа.”
Пак му велит Шаина робина:
„Ајти тебе Марко од Прилепа!
Ја соблечи твоја десна р'ка,
Да ти видам што нишани имаш?”
„Ајти тебе Шаина робина!
Што ти требит да бараш нишани?”
Пак му велит Шаина робина:
„Не љути се, Марко Кралевике!
Али, Марко, имаш ти на памет,
Оти бефме мие до две сестри,
Поголема беше Ангелина,
Стреден беше Марко палаина,
A пo нeгo Шаина најмала.
Ког' се стори во Прилеп бугуилак,
Ког' дојдоа Турци Јаничари,
Тога мене Турци попление,
М' однесое пo града Стамбола,
Зошто ја беф од голема фара,
Me сторие цару измеќарка.”
Тога велит Марко Кралевике
„Ајти тебе Шаино робино!
Та разголи твоите бели гр'ди,
Да ти видам што нишан ми имаш?”
Cи coпaca свилена појаса,
И отвори свои бели гр'ди.
Кога виде Марко Кралевике,
Тога виде и Марка заверва.
Тог' се пушти и си ја прегрна;
He ja грнит, како за асмиа,
Тук ја грнит как за мила сестра.
От што ми се силној прегрнаа,
До колена в земи пропаднаа;
Марко плачи и Шаина плачи,
He можеа да се отделеет.
C' разделие, и чадара расипее,
Да не идет Турци газепчии.
Тој си јавна своја брза коња,
A Шаина кобила ластојца;
He ми оит во града Стамбола,
Тук' ми оит пo стреде Прилепа,
И ми викат на млада Маркојца:
„Отвори ни наши вити порти,
Земај мужде от нашата мајка,
От се роди наша мила сестра.”
И час појде млада Маркоица,
Да ми земат мужде од свекрва.
Как је кажа, мајка ничкум падна;
,,Што ке бидит овој голем унер!
Ево имат триесет години,
Како ми ја Шаина пление,
Ја пление Турци Јаничари,
Јадам, пиам дробни с'л'ѕи ронам,
A ja тебе не сум ти казала;
Тук' до к'де имаме роднина,
Да канитe гости пријатели,
Зашто Шаина си докрепи вера.”