Зборник на Миладиновци/ Христосови карстови

Богородични изповед Христосови карстови

од Браќа Миладиновци
Свети Георги
на современ македонски правопис


Попаднале до три темни м'гли
Попаднале во Стамбола града,
Ми стојале токму три години;
Нито с'нце ми је угреало,
Нито ветер ми је повеало,
Нито роса ми је заросило;
Се сторило голема ск'пиа.
Никако ми жена не постигна,
Никако се овца не објагни,
Та ни нивје чеинца родие,
Ми се стори голема гладиа;
Стари љуѓе пепел ми макае,
И младите трева ми пасее,
Луди деца песок ми зобее!
Се зачуди цара Костадина,
Што ке будит за чудо големо!
Малу му је цару притекнало;
Што му велит краљу Мурат-бегу:
„А егиди краљу Мурат-бегу!
Да ми појдиш крај река Ситница,
Тамо имат Чифутка вдоица,
Таја имат едно м'шко дете.
„Ајти тебе чифутке вдовице!
Да ми кажиш дека ми се крсти,
Дека ми се крсти Ристосои.
Ак' не кажиш чифутке вдоице,
Ке ти земам твое м'шко дете,
Ке го печа меѓу два огнеи.” –
Се отго'ри чифутка вдоица:
„Так' ми бога краљу Мурат-бего,
Сум главена измеќарка овде,
Да го вадам големо буниште.
Ноште растит трева смрделика,
Ноште растит на утро је кинам;
Дење ноште овдека си седам.”
Му казае цару Костадину;
Царот пушти до триста момчина.
Што да видет за чудо големо!
Не ми било трева смрделика,
Туку било босиљок Ристосов!
И станале до триста момчина,
Отвориле големо буниште,
Што ми беше мошне малечкоо,
Триста с'жни беше во глобина,
Сто и педесет беше во ширина,
И најде крсти Ристосои.
Колку беа крсти малечкаи,
Царски порти не и соземае,
Прек' бедени крсти префарлие;
И кладое во царското азно.
Тога с'нце ми је угреало,
Тога ветар ми је повеало,
Ситна роса ми је заросило,
М'шки деца жени постигнале,
Руди овци ми се објагниле,
И се стори големо евтиња,
И нивјето чеинца родие,
Се берикет ми се исполнило. –
Кои чуло све весело било.