Зборник на Миладиновци/ Стојан, Пејче и Цуца
Стојан и Гроздана | Стојан, Пејче и Цуца од Браќа Миладиновци |
209 песна |
на современ македонски правопис |
Се собрале, се набрале
Деветмина овчариња
На Стојановото трло,
Стојановото бачило,
Да си јадат да си пијат,
Добар аинк да си чинат.
Та јадеха и си пиха,
От ден до ден три недели,
С вечерите шест недели.
Тогај веле млади Стојан,
Млади Стојан, млат кехагја:
„Варај ние мили брака
Деветина овчариња!
Арно пихме и јадехме,
Добар аинк си чинихме,
Нешто облок не сторихме;
Ела да се обложиме,
Кој је кадар, кој је вреден,
Да си појде добро село,
В добро село Каменица,
Да изл'же Цуца мома,
И да ја тука донесе,
Голем бакшиш ке му дадам,
Половина сиво стадо
Со с¢ млади овчарчиња.”
Ка си дочу левен Пејче,
Тогај веле и говоре:
„Јас сум кадар, ја сум вреден,
Да донесам Цуца мома.”
Па отиде дури дома,
Та измесе шарен колак,
Го измесе, го испече,
Го кладе в шарена торба;
Па си појде в добро село
В добро село Каменица,
На Цуцени тешки порти.
Чукна, викна на портите,
Излегла је Цуца мома,
Она веле и говоре:
„Кои чука, кои вика
На нашите тешки порти?”
Тогај веле левент Пејко:
„Ела Цуцо, ми отвори,
Цуцо, ја сум левен Пејко.”
Се пушти порти отвори.
Тогај веле и говоре:
,,На ти, Цуцо, шарен колак,
Да ми дојдиш на свадбата,
Да ми бидиш посестрима!”
На неја вера се фати.
Се промени, се нареди;
Нели тргнаха двајцата,
Па дојдоха крај трлото;
Не тегли Пејко в селото,
Току тегли во трлото.
Тогај веле Цуца мома:
„Варај Пејче, левен јунак,
П'тот не оди в селото.”
„Оди, оди, Цуцо моме!
Ке фатиме голем овен
Голем овен за свадбата.”
Ка дојдоха крај трлото,
Ка ги виде млади Стојан,
Си викна, и се провикна:
„Алал ти је сиво стадо!
Ке јадиме, ке пиеме
Оште други три недели.”