Зборник на Миладиновци/ Сирма војводка
Енчица и арамии | Сирма војводка од Браќа Миладиновци |
Ганка |
на современ македонски правопис |
Дека се чуло видело,
Мома Војвода да бидит,
На седамдесет сејмени
На тија гори зелени,
На тија води студени?
Мома им веле говоре:
„Това сос људба не биват,
Това сос срдба не биват!
Земајте прстен от р'ка,
Врзејте прстен на бука,
Фрлејте редом на нишан;
Кој ке ударит прстенот,
Тој ке си бидет Војвода
И мене ке ме кердосат.”
Сите фрљаа со редом,
Никој ми прстен не удри.
Мома си веле, говоре:
„Подај ми, чауш, пушката!”
Пушката пукна от р'ка,
Падна ми прстен от бука,
Пак мома веле, говоре:
„Земајте камен фрлејте,
Кој ке ме мене натфрлит,
Тој мене нека кердосат,
Тој млад Војвода да бидет.”
Сите ми се редом фрљаа,
Никој се камен не натфрли;
Сирма ми камен натфрли
Десет чекори потамо;
И седамдесет дружина
Одбраа Сирма Војвода.