Зборник на Миладиновци/ Секула детенце и Алтан Ѕвезда

Дете малечково и ламиа Секула детенце и Алтан Ѕвезда

од Браќа Миладиновци
Стојан
на современ македонски правопис



Коња коит Јанкула Војвода,
Коња коит рано во недеља,
Плочи клаат от карагрошеи,
Клинци клаат срма прецедена,
Четир' ноѕе четири хиљади.
Го догледа Секула мило мнуче,
Го доглеа и лепо говорит:
„А егиди мој вујко Јанкула!
Што те тебе нужба дотерала,
Коња коаш рано во недеља,
Плочи клааш од карагрошеи,
Клинци клааш срма процедена,
Четир' ноѕе четири хиљади!” –
„Егиди Секула мило мнуче!
Јас ке одам на мојот виљает
За тва коам коња арџелио.” –
„А егиди мои мили вујко!
Јас ке ти се тебе милно моља,
Да ме земаш на твојот виљает,
Твој вилеет земја Арбанешка,
За да видам што унер чините!”
И говори вујко му Јанкула:
„Егиди Секула мило мнуче!
Јас ке појдам на ден Велипеток,
Тамо игрет до три вити ора;
Прво оро се добри јунаци,
А второто се млади невести,
А треќото се добри девојки;
Напред играт Ѕвезда Алтан - ѕвезда,
А до неа Цвета Арбанешка;
Ѕвезда држит златена маштрапа,
Полна, рамна со вода студена;
Кој посаквит све вода му дават.”
Пак се молит Секула Детенце:
„Да ме земиш мој вујко Јанкула!”
„Јас те земам Секула Детенце,
Дан' ми крениш голема страмота!”-
„А егиди мој вујко Јанкула!
Ак' ти крена голема страмота,
Кога назод дома ке си ода,
Ке помина на мој војни копје,
Да се удра в мое бело срце!”
Го заверва вујко му Јанкула,
Си го зеде на свои вилеет,
Си појдое на ден Велипеток.
Там' најдое до три вити ора;
Прво оро се добри јунаци,
А второто се млади неести,
А треќото се добри девојки.
Напред ми је Ѕвезда Алтан - ѕвезда,
А до неа Цвета Арбанешка,
Ѕвезда држит златена маштрапа,
Полна, рамна со вода студена.
Тог' с' излуди Секула Детенце,
Је посака та вода студена,
Је посака на Ѕвезд' Алтан - ѕвезда,
Је посака и вода му даде.
Бог го убил Секула Детенце!
Не је фати за златна маштрапа,
Тук је фати за р'ка десница,
Та је фарли на коња зад себе;
Дупна коња по гора да бегат.
Си помина крај свој војни копје,
Та се удри в свое бело срце.
Тога велит Секула Детенце:
„А егиди убаа девојко!
Извикај Ерина Самовила,
Таја ми је верна посестрима,
Таја знаит билки чемерлики,
Ке ми оздрајт мое бело срце!”
И говорит убаа девојка:
„А егиди незнаен делиа
И да викнам мене не познаат,
Не познаат мене по гласои;
Само викни тебе ке познајт.”
Само викна Секула Детенце:
„Ајде, ајде Epино Самовило,
Ајде, ајде моја посестримо!
От' си паднаф на мој војни копје,
Та се удриф в мое бело срце;
Донеси ми билки чемерлики!”
Уште зборот не ми го дорече,
Вчас ми дојде Ерина Самовила,
Му донесе билки чемерлики,
И назоли нему бело срце.
Вчас ми стана на нога јуначка,
Си се качи на коња брзего,
И си качи убаа нееста,
Си отиде тога дури дома,
Та си појде на свој вити порти,
Не чекаше мајка да извикнит,
Преку беден со коња прескочи;
Во дворои нееста је сметна.
Тога викат на својата мајка:
„Слези, слези моја мила мајко!
Слез' да видиш чудо и големо!
Си донесоф убаа нееста,
Теб' одмена а мене постеља.”