Зборник на Миладиновци/ Свети Илија и девет ламии
39 песна | 39 песна од Браќа Миладиновци |
Свадба од Свети Димитрија |
на современ македонски правопис |
Попаднале девет кучки Лами,
Попаднале на Орицко поле,
Да зобает пребела пчеинца.
Тук се чудит стар свети Илиа,
Што да чинит, како да загубит
Да загубит девет кучки Лами.
И говори стар свети Никола:
„А егиди брате свети Илиа!
Ти не можиш да загубиш ними
Тук да поиш во село Канео,*
Тамо имат сирота вдоица,
Ке**) стигнала лудо м'шко дете,
М'шко дете по татко посмрче;
И да зеиш паур со ракиа,
Да си зеиш пребела погача,
Да г' однесеш на сирота вдоица;
Да је даиш паур со ракиа,
Да је даиш пребела погача
Ке се напиет и сон ке ја фатит
Та да зеиш лудо м'шко дете,
М'шко дете по татка посмрче,
Да г' однесиш цареи кладенци*)
Да се качиш на Перин Планина,
Да потераш девет кучки Лами,
Да потераш цареи кладенци.
И отиде стар свети Илиа,
И потера девет кучки Лами.
И пречека лудо м'шко - дете,
С десна р'ка и пречека лудо,
И пречека девет кучки Лами
Сите осум дете и загуби,
И девета Ламја побегнала
Побегнала в црква Арангела.
И ми дојде стар свети Илиа,
И говорит на дете от рулека:
„А егиди дете повојниче,
Али уби девет кучки Лами?
Говореше дете повојниче:
„А егиди стар свети Илиа,
Осум кучки Ламии загубиф,
А девета Ламја ми побегна
Ми побегна црква Арангела.”1)
Сам се пушти с дете от рулека,
И девета ламја је загуби.
И го зеде дете малечкоо,
Го однесе на сирота вдоица.
Си ја најде сирота заспана,
Си ја тога сирота разбуди
„Стани, стани сирота вдоице!
Нацицај си твое м'шко дете,
Оти ти је дете уморено;
От дамна не си го нацицала.”
Белешки
- *) Канео је место в Охрид близу до езерото.
- **) Ке - каде.
- *) Вместо: во цареви кладенци, пропуштвањето од предлозите на многу места
се повторвит, и това не требит да се слагат неправилност; зашто кога ја препишвех песниве многу п'ти бех опитал, али не требит да се прикладат предлоѕите; оне ми велеха: мие така ги знаиме. Во други издавања од нар. се стретвит това пропуштавање, такви вираженија сет одзив на најстарите времина; и в Омира тие не редко се стретват.
- 1) Ке далеку от Струга имат црква Архангела, расипана от рофја.