Зборник на Миладиновци/ Свадба од раковите
26 песна | Свадба од раковите од Браќа Миладиновци |
Еднаква |
на современ македонски правопис |
А жељките панаѓурвет.
Се посврши жељурокот,
Си посврши кутра жељка,
Кутра жељка за невеста.
И си стана жељурокот,
- Петел дрва цепеше
Кокошка му редеше;
Жаба оган валеше,
От ошто го валеше,
Поике го гаснеше;
Болва т'пан биеше,
Мечка тесто ваљкаше,
От ошто го ваљкаше,
Поике го лапаше.
Дојде коа, дојде време,
Да се берет си сватои.
Си пособра куси врапси,
Куси врапси за сватои;
Си пособра уташина,
Уташина кумашина;
И си зеде за старосват
За старосват сколовранец,
Побратими биљбиљчина,
Кинисае по невеста,
Отидоа во дворои.
Ми играет, ми скокает,
Ми ј адеет, ми пиј еет.
И подстана жељурокот,
Се подскачи на скалата,
И је виде кутра жељка
Променета, наружена,
Је целива бело грло.
Се зедоа, отидоа,
Со жељката с' кердосае.