Отговор Обичаи

од Браќа Миладиновци
Верованија
на современ македонски правопис


Свадбени обичаи от Струга

На големите празници, како Велигден, Петровден, Спасовден и др. се береет млади м'жи и жени околу црков, или на други места, и играет хоро невести, девојки и м'жи особено. Тога неженатите имает случаи да си отберат лика спроти себе. На отбраната си пуштает стројници, кои давает мал нишан. Свршените во празници си пуштает секакви дарови, како сладки јела, ризи везани, и китки. Пред свадбата си менвеет големиот нишан. Четвортокот си клавает старосват, и побратими. Старосватот седит до кумот подолу, а побратимите канеет сватови, и, кога одет по невеста, стојет от двете ст'рни от зетот, и подкрепвет невестата, кога ја земает. В сабота месат погача со прстен шарена, која се вика сваќа; еднаква се месит и у девојката. На вечера побратимите канеет роднината и приателите со гајда, и со чутура вино обколисана со женски стребрен гердан, и обкитена со босиљок. Канетите пијет от това вино; и к'де ке се свршит наполнвет чутурата со вино. Утрината побратимите канеет да се сберет сватови. Кога тие ручает зетот се готвит; се бричит обколисан от невести и девојки, кои му пејет песни; се облеквит со зетоското рубо, и целуват р'ка на татка и мајка. Така тргвет по невеста. Напред одит бајрактарот, зетовски роднина, кои држит јаболшница накитена со везани ризи, црвени шамии, секакви китки и црвени јаболка; по него хоро от јунаци; после сватоите, а по ним зетот меѓу побратимите, имеештем на глава лозен венец навиткан со црвена коприна, и цвека: а от десната ст'рна на капата носит китка, пратена от девојката и обшиена со стари пари (цела). По зетот ходет девојки и невести, кои велегласно пејет зетовски песни. Старосватот носит сваќата (погача). На приближвењето девојкините роднини на две реда пречеквет сватовите; а други жени пејет, како на добредојде. Постарите влегвет во куки и разседвет на ставената трпеза; а младите останвет во дворот, к'де им носет вино, и на секого разданает по една китка. Тога се давает от ст'рната от зетот десет грошеи, и даровите за куќовните невестински; се менват сваките (погачите) т.е. зетинската останвит у девојката, а нејѕината земает у зетот. Наст'рна стоит зетот; кун него подходвит девојкиниот брат со везана риза, со која преопашвит зетот три п'ти, или ако не достигнит, му ја префрљат на рамена, и го удират со р'ката по обете ст'рни от образот, а зетот му дават јаболко со пари накачено; целуват р'ка на теста си и тештата и на седнатите на трпеза, и се враштат на првото место. После побратимите влегвет при зготвената девојка, је давает срмовезани чевли, и ја изводвет надвор. На отходвењето зетовскиот татко фрљат дробни пари над главата от невестата, која гувеит, качена на коња. Со еднаков поредок сватовите здружени со невестинските тргает за в црков. На п'т своите љуѓе иставает вино на сватовите, ако овие поминват по крај куќата им. На венчањето, кога се вртет три п'ти околу, кумицата фрљат овес, смешан со шекерчина, над главите от младенците, на кои после се дават хлеп и вино, донесени от ст'рната от зетот; по ним сите роднини целувает вангељето, после венците от младенците, и се напивјет от истото вино. По венчањето со еднакви радостни песни и поредок се враштает у зетот дома, к'де пред вратата бајрактарот стресвит јаболшницата, и ја фрљат нат куки. Пред прагот от куќата, или одајата давает на невестата пешник хлеп и вино, пејеештем: „Што сторифме свакето, ви зедофме момето, ви огрдифме куќата, заличифме нашата.” Кога сватовите ке си расходат, зетот и невестата седвет на к'тот еден близу до други; на коленото от невестата кладвет м'шко дете, кое таја целуват и дарвит; а жените ги благословат. После тои обред невестата гувеит до вратата, к'де вечерта пречеквит гостите, на кои целуват р'ка, или образ ако се близни; а тие, кој како сакат, је давает пари. Кумот и старосватот имает право да м'чат зетаг и невестата со секакви тешки испитвања, наприм. невестата да је оставит да му гувеит цели часови: зетот да му стоит простум или на една нога, или на пирустија и др. Невестата со зетот и побратимите вечерает насе. Друтиот ден зетот и побратимите канет на ручек гости; и своите им давает за невестата тестени јела. Така канет и вечерта, која бидвит пошумна от понапрежната; Зашто тога играет на танец зетот и невестата; тога се пејет песни со кои се подсмевјет на сваќата на зетот и на невестата (вид. п. 534); тога играет сваќата (погачата невестинска), т.е. танцоводачот земат сваќата и играт наишумното хоро пеејештем подсмешни песни. По хорото се грабеет на сваќата, и ја раздавает на сите по малу. Утрината пијет топла ракиа, и своите љуѓе и пријатели испраштает на зетот дарби. Вечерта невестински роднини от дома је донесвет дарови за сватовите; них гоштавает особено; а канените ходат со нозба, т.е. секои носит јела, погача и вино. Таја вечер раздавает даровите, што испратиха от невестата, на сватовите, кои фрљает пари в изглобен хлеб; а кумот, старосватот, и побратимите можат до недељата, кога сакает, да ходат со нозба. Недељата или други ден тестот канит зетот со невестата и куќните на гости; таја гозба се викат првиче.

Обичаи на свадба в Кукуш

И в Кукуш на добар ден се береет младите на секакви места и играет оро; а на Велигден сите се собервет на едно место, и играет.Кога некоја свршена видит некого от зетовската роднина, или зетот со пријатели, се пуштат от орото со една друшка, која водит неа, и која прва целуват р'ка с'де на сродникот; а свршената нему, и на сите негови другари, што ке бидет со него. Но ако се згодит тамо армасникот (свршеникот), оваја на сите целуват р'ка, а к'м него не подходит. На такви народни обшти ора неженатите се избирает; и по татковското согласје стројниците приготват армасот, кои се чинит вака. В некој праздник се берет сродниците у момчето, кое целуват р'ка на татка му, или, ако немат татко, на вујка, или стрика, кому врчвит знаковите една хубава шамиа, и некој флорин; еднакво целуват р'ка и на другите стројници. После ходат у девојката, к'де им ставјет софра. По неколку време излегвит момата со некоја друшка. Тога се менват знаковите от двете ст'рни. По това друшката целуват р'ка на сите со ред, а после момата, која секому на рамо префрљат везана риза, на женатите везана на разбои, а на неженатите везана со нејѕина р'ка. Стројниците, имеештем на рамо ризите, се враштает у момчето, к'де се гоштавает. Тој се викат мал армас (свршување).Другиот ден се собирает у момчето околу триесет дечина от четири до десет години, кои стара жена водит у невестата. От децата едно носит овошки (олошки) во шамиа; а друго во лепо везана риза носит овошки от три, пет или седум вида (сорта); една китка наредена со стари пари пет, или седум, или девет, от кои три пари се поголеми. Момата ги пречеквит и на сите целуват р'ка, и најпосле на тие што носат овошките. На децата донесват прво благо нешто, а после друго јастје. Наодзади излегвит девојката, им целиват р'ка, и им дават по китка и риза; и на едно от тие дават гореречената шамиа со овошки, една лепо везана риза и една зелена китка за момчето. Овој обичај неколку п'ти во годината се повторвит, особено кога излегват нови овошки; но други п'т количеството от децата је многу помало.

Зелена китка. После неколку месеци канет у зетот жена и моми от роднината му кои ходат у момата, имеештем со себе си с'д со овошки, над кои сет около пет зелени китка, от кои поголемата, која имат ж'лтица врзана со коприна, је за момата; уште за момата носет чораби, чевли, неколку ока предено, лен и неколку драмој коприна разноцветна; от овие момата требит пред свадбата да имат зготвени кошули за дарување. Девојката ги пречеквит, им целуват р'ка, и сама земат вештите. Им ставјет софра да јадет. Пак момата излегвит, им целуват р'ка, и ги служит по чаша вино; тога пејет три песни. После излегвит сестра је, и дават по една мала зелена китка. По неа момата даруват по риза на золвите и свекрва је, на која врчвит гореречениот с'д полн со неиѕини овошки, неколку зелени китки, меѓу кои за момчето поголема, а со ж'лтица помала от таја, што прати момчето, и незана риза за него; и по риза за свекорот, девери, вујковци и стриковци. Други п'т сама свекрва је ходит у момата, и је земат мера за колан со пафти, за колби (белезии), и за четири прстени.

Голем армас. Две недели пред свадбата, в с'бота спроти недеља, момчето со роднините и пријателите ходит у армасницата, имаештем со себе си потребното јастје и питје. Мајка му во тепсиа носит благо сукано; а снахите коланот (појас) со пафти, колбите, четири прстени, шамја за р'це, друга за глава, туљбен, фес, огледало, гребен и ж'лтици; а момчето шамиа со овошки. Стигвеештем у момата м'жите седвет на една ст'рна, а жените на другата стојет простум. Излегвит момата со една друшка, и целуват р'ка на м'жите, а на момчето не; после целуват на жените, от кои земат речените вешти, и ги предават на дружката си; и најпосле целуват р'ка на момчето и преземат шамиата со овошките. Ставјет софра, на која донесват јастјето и питјето от момчето, кое, целуваештем р'ка, на сите служит по ракиа. Постариот на четири скршвит на савче винено крстообразната погача, која имат на стреде врзано цело (стара пара); стредата со целаго се праштам на момата. По неколку време момчето служит на сите со вино, целуваештем р'ка. По това донесват момини јастја и вино, и тога целуват на сите р'ка, и ги служит по едно вино. Таја вечер не се спиет. На разденвањето пиет ракиа от момчето. На одзади момата им леит (туриват) вода да се измијат и најпосле на момчето, и на сите префрљат на рамена по една риза; сите а дарвет по ж'лтица. Това се викат голем армас.

Руба. Седум дни пред свадбата в недеља от момата праштает у момчето, стомна вино. Неколку моми ходат у момчето, имаештем за момчето две кошули, две гашти, една антериа, еден елек, една шамија, две бохчи; за браќа му, за свекор, свекрва, за чичовци, вујкоцки и тетиновци по кошуља и риза; за јатрви, вујни и тетки по карпа; за мајсторот, што го учил занает, и за учителот по кошуља. Стигвеештем у момчето сите тие дарови обесват на ѕид во одајата, к'де момчето имат обесени сите дарови, шта му пратила момата. Им давает да ручает, и момчето им целуват р'ка и ги служит по ракиа (ако пијет). После момите пејет и играет оро така, што три п'ти излегвет надвор от вратата, и влегвет н'тре. Това се каже Руба.

Замес. Три дни пред свадбата, в четворток рано, месвет у момчето две погачи, една за момата, друга за кумот. Се берет у момчето неколку моми и замесват хлеб вака: донесват три ношви (на ошто месет хлеб) и три сита; три моми ке засеат брашно, и ке го соберат на едно. Мало дете, што имат татко и мајка клават сољ и вода; и со дрвце, кое имат на крајот топувче и кое викает кукудавка, прво смешвит брашното и водата; а момите после го замесват. После кревает детето на р'це; а детето три п'ти ке удрит со дрвцето на греди, и три п'ти ке речит „Момак и мома.” - Това се велит Замес Истиот ден момите правет фруглицата (бајрак), која је трска, на неа зашиена бела риза везана, а на врхот јаболко шикосано (варакосано со злато). После една девојка облечена во момчеви руби, со м'шки фес на глава, фаштат на оро другите моми, и водат танец, држеештем фруглицата. Вечерта еден ковчег, во кои клавает бамбакерно семе, јачмен и три јаболка, го испраштает у момата со фругличарите (кои носат фруглицата, кога одеет за невеста; побратимите) кои, како г' однесат, седват на него. По малу идет момата им целуват р'ка, и ги даруват по риза, а тие је предавает ковчегот и враштает. По ним момчевиот татко со два троица земат погачата, што месиха раното, и која је врзана крстообразно со црвена коприна, и на стреде имат цело, и ходит у момата. Тамо им давает да јадет, и таткото скршвит погачата на винено грне. После ке се разговорат со моминиот татко за обушвата (дрехи). Истиот вечер други седум-осум мина от роднината момчева земает каниска (јастје со кое канат) и погачата, што месиха раното, и ходат у кумот да го канат на венчавање. Тамо се гоштавает, и ноќта се враштает назат.

Петок. По ручег се берат у момата нејѕини сродници невести и моми за да ја плетат. Се собирает окулу неа, и прво кладват мало дете, што имат татко и мајка, за да ја заплетит и зачешлат, а момите ке ја исчесљает, и ке ја доплетат со песни. Кога тие ке свршет, момата им целуват р'ка, и си клават на глава фесот и шамијата (што је беше дал момчето на големиот армас); а после заедно со сите играт оро. Тога невестинската руба, која ке носит у момчето, стоит в одајата обесена. Во тои ден у момчето виет карафил во книжина, со кои фругличарите канат гостите. Наодзади фругличарите ходат у момата да кажат, че во недеља имает свадба. Невестата ги даруват по риза.

Собота. Неколцина се берат у момчето за да закољат волот (без вол не бидвит свадба). На волот накитват главата и роговите со цвеќа и китки и му пејет песни; и дури да го одерат и суредат не престанват да пејет и да играет оро. По ручек фругличарите со карта вино (чутура) канет на вечера гостите, што беха ги каниле во петокот, а кумот не. Како ке кладат вечера на гостите, фругличарите се праштает у момата, к'де еднакво служат, и от к'де не может да се вратет без повелење от моминиат татко.

Недеља. Раното идет бричачот (берберинот), и бричит зетот; а две моми дочеквет 'лакната на риза, која скривјет за да ја кладат во невестинскиот ковчек, кога ке го донесат. Другите моми пејет и играет оро окулу зетот. По свршвењето дарувает на бричачот риза, и пари кој како сакат; а зетот целуват р'ка на сите, и се измиват образ. Водата, со која ке се измиет, собирает в бардаче, и ја вардат дури да донесат невестата, како ке видиме. После му носат зетовската руба, која едно дете три п'ти тргат (теглит) на к'нтар и зетот се облеквит; а фиралите (чевли) не истават от ноѕете дури да се венчат. За ручег се собирает сватовите; канет кумот и кумата со дружината му, и ручает. По тоа зетот целуват р'ка на кумот и подкумникот и на сите сватови; после ходет да земет невестата. Стигвеештем у момата деверите, свекрвата, кумата и снахите ходат к'м одајата је. А момата со затворени врати, обиколена от род, нината си, држеештем решето со бамбакерно семе, и три страка запалена борина, запевјат „откупи снаха деверу! ск'па је снаха, вредна је ...” деверите, кои стоет на вратата надвор, давает неколку гроша на вратарот, и влегват сите н'тре; а момата разсевјат семето во решетото, кое фрљат вонка (надвор); а други го фрљает на к'шти. По стариот девер дават на невестата чорабите, от кои еден је полн со овошки напр. леблебии (сланток печен) кои таја клават в џеп. После остават пред неа чевлите, кои таја ритвит (кљошвит, клоцвит) три п'ти, a после ги обувјат. По тоа прво кумата клават на главата от момата венец от винена лоза, обвиен со црвено предено. После свекрвата је наредвит стребрениве накитки: нетоп на чело, натоп, плоча преку гуша на гр'ди, перја, и иглици; а момите во тоа време пејет: „Веди се долу наша дружко, дур да ти кладат нетоп на челото, плоча на срцето.” Наодзади ја преврзват со голема бела риза, а преку рамо под левата мишка преврзвет басма или друго нешто ск'по; најпосле ја прекривјет со дулак (превез); а таа три п'ти се кланат на татка је и кумот, и ходит на ст'рна, к'де често се клањат (гувеит). После некоја малка мома направает невеста, ја покривјет, ја фаштает за р'ка и со песни свекрва, кума и сите жени се враштает в к'штата от момчето; а м'жите останват тамо. Но кога невестата носеет в црков сите жени, и свекорот, кој не ходит со сватовите за невестата, пред црков пречекват невестата, како ке видиме. Сватовите се гоштавает, а зетот со фругличарите ходит в особена одаја, к'де стоит софра ставена. Зетот со трите прсти земат от четирите ст'рни от јестјето и го клават пред себе; после јадит. По малу време идет тешта му, или шурна му, и му дават прстен за венчање, и му префрљат на рамо бела риза; и тој је целуват р'ка и си ходит при кумот. По това идет на трпеза невестата, која седит на истаго место, к'де беше седнал зетот, и прво изедвит това, што остави зетот кога седна да јадит, а после јадит други јела. По това зет и невеста ходет при кумот, кои покриват главите им со платно, и држеештем чаша вино со малу хлеб н'тре, ги благословјат и истуриват виното преку младенците. Невестата целуват р'ка нему и на сите сватови. Во това време идет неколку момичина (девојчина), и на сите сватови пејет песни секому прилични по врстта (возраст), а сватовите ги дарувает по нешто. 3етот целуват р'ка на сите невестински сватови; а невестата, изведена надвор, даруват по шамиа сите нејѕини сватови, кои тога излегват. После се проштават со татка и мајка и се прекрствит; а деверите ја качват на коња. Така ходат на венчање в црков; по п'тот жените пејет, а невестата часто се клањат. На приближвењето в црков, свекорот, кумата и другите жени пречекват невестата, окулу која пејет: „Куме, мили куме, дали да венчаме.” Свекорот ја сваљуват (слегвит) от коњот; а таја му целуват р'ка и му дават риза; еднакво и после венчањето свекорот ја качвит на коњ. И кога ке стигнат у момчето пред вратата је пејет: „Ела, ела невесто, позна кеш си дворови ...” Пред да слезит от коњот је давает две м'шки деца, на кои образот гладит со плочата, им целуват р'ка, и им дават от овошките, кои от чоработ беше клала в џепот си, како рекохме; а другите овошки исфрљат. Тога свекорот фрљат преку неа дробни пара, и ја слегвит от коњот. По тоа је давает под мишка два сомуна хлеб и бардачето со водата, со која зетот беше си измил лицето, како се каза погоре. Така таја се качвит дома и по малу туриват от водата, дури да стигнит до одајата, во која зетот стоит скриен зад врата; и кога невестата ке влезит н'тре, тој три п'ти ја удират по плешти, и излегвит вонка (надвор); невестата однесват да стои в коше ('гал), а хлебовите и бардачето фрљат на ѓарамиди. По това донесвет јастје на невестинските сватови, кои тога се викает погазеи, и кои после јадењето си ходат секој дома. Вечерта се собирает гостите; и на вечерата зетот и невестата, захваштаештем от кумот, се поклонват, целувает р'ка и служит по чаша вино на сите сватови, на кои невестата раздават даровите, прехврљаештем на рамо дарот; а сватовите неа дарувает по нешто. По неколку време запеват: „Стани, куме, стани! ти се мољат младенците, време јет да одиме...” Гостите си ходат; наодзади станвит кумот, кого зетот и невестата пречекват на врата, му се поклонват три п'та до земја, и му целувает полата и р'ката. В понеделник канет на ручег гости, и заигравает на оро зетот со невестата. Вечерта пак канет гости. В торник накарвет (натервет) невестата да сметит и да измиет с'довите (вагани, паници, каленици), и ја задевает (задирает), је се подсмевјет, ѓоо (като че) не умеала да метит и да миет с'довите; а таја подхврљат некоја пара на земја за да престанат да ја задирает. После ја натервет да месит мазник; и тога је се подсмевјет, и на сучењето је сечат корите (губи), ѓоо не знаела да сучит мазник; а таја им подхврљат неколку гроша, дури да престанат. Тои мазник јадет куќните и побратимите. В стреда невести и моми, зетовски роднини, изважает невестата да налеит (нацрпит) вода. Со себе си носат грне вино и ракиа, и кого на п'т стретат, нему невестата служит вино и ракиа, и му целуват р'ка. Невестата носит в десниот р'кав просо, а в уста стара пара (цело). Стигвеештем на кладенецот (геран, бунар) невестата ходит окулу него туриваештем по малу просо, и се клањат крстообразно на четири ст'рни; наоѕади хврљат целото в кладенецот и нацрпвит вода. Четворток вечер невестински татко канит зетот и невестата на гости. 3амеч. В Воден, кога тестот в петок вечер канит зетот со многу гости, се викат првиче; другиот петок, кога зетот ходит у тестот со побратимите, се викат вторите; треќиот петок, кога ходит с'де со невестата, се викат третиче. Петок вечер спроти с'бота не требит зетот и невестата да останат дома си; за това ходат да преноќувает у некого роднина. Таја вечер се викат С'ботнина.

Годишни обичаи в Кукуш

Коледе. На полн ношт пред Божиќ до разденвење децата ходат со коледачки (стапови) от к'шта в к'шта, и тропает по вратите, викаештем: „Коледе, бабо, Коледе.” От куките им давает колачина, костени и други такви.

Б'дник. Ден пред Божиќ је Б'дник. Вечерта запаљват оган, на кои пернувает (клавает) голема пенушка. С' ноќ огнот требит да горит; а от пенушката да останит едно парче кое вардат до другата година, за да подпалет огнот во истиот вечер. Во Воден това парче закопват в лозје, за да се сторит грозјето црно. Таја вечер месет погача, во која клавает цело; и ја кршат на толку парчина, колку сет куќовните, захваштаештем от бога, после от куќата, и со рет от постарите до помладите; и кому ке паднит целото, тој је стретен таја година. Како се заготвит трпезата от вечерта, така стоит ставена дури да поминит Божиќ. От Божиќ до Водици жените не работает, ни перат (мијат), ни деца к'пат.

Клетва. В стредепосната недеља се собирает неколку девојки, носеештем секоја нешто от потребните за да месат зелник. Јадат и се сузборват заедно да пејет Лазара; и да останат верни на здоговорот, клавает на секира леп, сол и јаглен. После целувает секирата и се к'лнат „ако некоја не додржит зборот и се разделит на Лазара, да не се слеит како железото, да оцрнит како в'гленот (јаглен), и лебот да је фатит очите, т.е. да ослепит.”

Мишев ден. В понеделникот от Сирници (после запаствењето от месо), жените не работает, ни отворает ковчеѕите. Тој ден се викат Мишов ден.

Мартинки. Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело; и утрината го клавает на децата на грло, на р'це и ноѕе за здравје. Тие се викает мартинки, и со ним в Струга сретват ластoвиците. Таја вечер пременувает местата, к'де спавале до тога, за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано, и пејет по к'штите: „Ластовица идеше, црно море пливаше...” - Во сиот месец не јадат зеље останато од понапрежниот ден.

Ѓургев-ден. Раното клавает на вратата коприви. Момите и децата носат коприви на глава. Тој ден се теглет кој колку ке дојдит.

Еремиа. Вечерта спроти Еремиа клавает пред прагот на портата кросно, и фортома; а от двете ст'рни от кросното горит по една лепешка; и поминват гојадата преку кросното; за да не ги ук'сат змија. Чукает со кации низ дворот, по дупките и околу к'штата, и вељат: „Бегајте змии, оти идет Еремиа.” Раното со коприви терает гојадата на пасење.

Иван-ден. Дента стари жени береет треви лековити (биљки). Во Воден тие треви висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници.

Црн-ден. Другиот ден по летни св. Атанас, се велит Црн-ден. Жените не работает, ни хлеб месат.

Моринки. Првите дванаесет дни от Августа се викает Моринки. Тие дни жените не работает, ни перат, ни деца к'пат. На тие дни гатает за доброто или лошото време за цела година; ако напр. првиот ден от Августа чинит горештина, коложек (јанвар) ке бидит студен, и на против; ако на вториот правит добро време, на сечка (феврал) ке чинит лошо; и така за другите.

Годишни обичаи от Струга

Б'дник. Пред Божиќ правеет питулици и со кашата чинат крст на врати, долапи, брашник и други. Орачите клавает емешот на кланик, и на него чинат крст со кашата; така и на черешлото. Децата ходат на коледе. Во Дебарските села исцрнувает лицата и ходат на коледе от села в село со песни и ора, имеештем црвен бајрак со бел крст во стреде. Во Магарово децата викает: Коленде меленде, сурова година, цинки, кака, дај м' една колака.

Водици (Богојавление). Вечерта пред Водици оставает стомните откриени и празни, а утрото ги наполнувает, и наквасвет в реката квасот. Пред да излезат от црква береет брлок, напр. сено со љуштенчина, или трески смешано, и го фрљает в оган шептаештем нешто. По излегвењето од црков клавает стред куќи секира; таткото, или мајката држит крстената вода; а синовите и керки му скокает преку секира. Кој от ним скочит повике от другите, нему прво ке дадит да се напиет от крстената вода; така со ред на другите. Зам. По селата земает крстот от село в село. Тој што ке го земит дома си го угоштават с'то село. Децата имает зготвено вици сплетени, кои се викает суровици. Со ним раното на Божиќ ходет от куќа во куќа, мешает огнот со суровиците, и пејет: „Суро'а божа, весела година, колку јајца и пилци, толку деца и јаганца.”

Лап'рди. На поклади вечерта децата играет околу црков со лап'рди. Лап'рди сет др'гови не толку д'лги, на врхот расцепени, и в цепот накладено сено сврзано. В сеното клавает јаглен, и в'ртет лап'рдата на десно на лево, дури да се запалит сеното и да изгаснит. После оставает др'говите в црква.

Лазара. Раното децата ходат по куки со шарени стапчина. Тој ден, а повике в недељата, в Цветници, се собирает девојките по махали и направјет една от них невеста. Кого ќе стретат на п'т обколисват и пејет секому по возраста му т.е. ако је неженат друга песна, ако је женат друга; ако је жена, или девојка друга (вид. пес. лазарски). Тој дават пари на невестата, која му целиват р'ка. Со тие пари накупвет нужните јела, и се гоштавает, и попраштает Лазара со ора и песни.

Гурѓев-ден. На тој ден вапсает јајца и прават нишаљки, на кои се нишает момите опасани со дебелика, помазваештем лицето со црвено јајце, за да бидат дебели и црвени. Кун квечерината запотват, т.е. клавает на вратите трева; запаљвет суви говечки лепешки, за да се чадат гојадата, кога се враштает от пасење.

Бабини дни. Последните дни от марта се викает бабини дни, кои обикновено сет студени, и ветарливи. Тие дни се земени од априља ево како. Една стара жена по излегвењето от Марта, како виде че времето беше топло и много хубаво, рече: „Циц козица на планина, прдни Марту на брадина;” и си излезе со козите на планина. На марта падна тешко да се презират от една баба, и рече априља” ,,Априле, лиле, мој побратиме, придај ми три дни да згрубам баба.” Април му даде; и захвати таков студ, лапавици и ветришта, што бабата со се кози замрзнала. И денеска, велет, стојат каменообразни бабата и козите на Шар планина. Ој-љуле. На Руса стреда момите отбервет една от меѓу себе, и над рутиштата от глава до ноѕе ја опашват со секакви треви, напр. со боз и др. и ходат по куките пејеештем, ,Отлетала преперуга ој љуле, ој!!. Кога стигнат под некој прозорец (пенџера) от одзгора туривает вода на опасаната со тревје. Влегват во куките и таркаљает сито, кое ако паднит ничкум, во таја куќа ке бидит ск'пиа; ако паднит инаку, плодородје. Во секоја к'шта, им давает брашно, или друго нешто, и за ручек со собраните направјет гозба, на која пејет и играет. Това се викат Ој-љуле. И кога некој се (или некого) изводенит, се велит: се (или го) направих Ој-љуле.

Јеремија. На св. Јеремија кршат стомни, шутарки и черепи. В Прилеп пејет: Бегај, бегај, гату, со твоите гадиштица! Ето ти го Јеремија, ке ти мотит черевата со железно матоело.

Скрсти. Ако је времето сушливо, мало големо земает икони от дома си и от црков и поповите напред, излегват еден час далеку на Маркав камен, и сите единогласно на п'тот пејет, „Скрсти одам, бога мољам, господи помилуј, да заросит ситна роса” тоа ход се викат скрсти. Зам. Марков камен се нахожат на подножјето од Белица планина до Струшките лозја; и је необработан камен, на кои имат д'лга ст'паљка.

Жетва. В Кукуш, кога да зажниат, ако некој поминит по п'т близу до ним, му иставает еден сноп, над кои спростирает шамиа (и клавает хлеб) му пејет; а тој требит да хврлит нешто на шамиата.