Зборник на Миладиновци/ Николче
Гино арнауче и Петра хубава | Николче од Браќа Миладиновци |
Стојан болен |
на современ македонски правопис |
Де с' е чуло видело
Син баща на с'д да кара,
К'то Николче башта си?
Назад му р'ци врзал,
Чи го напрет коњ караше.
На к'де го караши?
По даии, по заптии.
Една ми света недеља,
Врвели што сја врвели,
До нова чешма допрели,
Николчу слези од коња,
Да си очити умии.
Тјајко му Николу думаше:
„Никола, сино Никола!
Развржи ми р'цети,
Да си очити умиа,
Чи е днеска света недеља,
Да сја богу помоля.”
Никола од коњ посегна,
Дваш му р'цети застегна.
Тјајко му Николу думаше:
„Да даде господ, сино љу,
Дур' да сја назад поврниш,
Жина ти кам'к да стани,
Децата дребни змејчета,
Околу кам'к да пиштат!”
Чи Никола у тех отиде,
И на врата похлопа;
Никој му врата не отвори,
Тој погледна на цаклоту,
Чи жина му кам'к станала,
И дечица п'стри змејчина