Зборник на Миладиновци/ На неженат

На мало дете На неженат

од Браќа Миладиновци
На невеста
на современ македонски правопис.


„Ај јуначе Смиљаниче, Лазаре
Смиљ ти киска подгорела,
Нат очите, нат вежите;
Аљ се мислиш да се жениш?”
,,Сум смислило, сум свршило,
Туку ми је на далеку,
Преку река Венетика;
Ми ја кажвет грдомазна,
Грдомазна неубаа.
Тук се чудам и се умам,
Как да појдам да ја видам.
Не сум врапче да прелетам,
Не сум риба да препливам.
Да дочекаш и в година
И в година и за многу!
Немој многу не врти не,
Мие многу не сакаме
Пет хиљади и пет аспри,
Пет хиљади да се твои,
Петте аспри да се наши;
Да дочекаш и в година
И в година и за многу.