Зборник на Миладиновци/ На жена која имат син да си учит

На невеста На жена која имат син да си учит

од Браќа Миладиновци
На жена која имат синови
на современ македонски правопис.


Имат мајка мили сина, Лазаре
Го промена го наружи
Та го пушти Света гора,
Света гора манастира,
Да се учит лудо ѓаче
Лудо ѓаче манастирче.
И се учи с' изнаучи,
Се сторило лудо ѓаче.
Лудо ѓаче манастирче,
Книга пеит, с'лѕи ронит,
Го догледа игуменот,
Егуменот му зборвеше:
„А егиди лудо ѓаче!
Зашто ти се нажалило
Книга пеиш, с'лѕи рониш?
Али ти се нажалило
За твојата мирна земја?
Али ти се нажалило
За твоиот мили татко?
Ељ за брака, ељ за мајка?”
Лудо-ѓаче с' отгоори:
„Ајти тебе игумене!
Та не ми се нажалило
За мојата мирна земја,
Ни за татко, ни за браќа,
Туку ми се нажалило,
За мојата стара мајка.”