Зборник на Миладиновци/ На анама

На владика На анама

од Браќа Миладиновци
592 песна
на современ македонски правопис.


Летале ми летале
Девет реди голаби,
И десето пауни;
Паднали ми, паднале
Кад'нени дворои.
Што чинеше кад'на?
Кутлум бисер мереше,
По голаби фрљаше,
Кад'на им говорит:
„3обајте ми, зобајте,
Девет реди голаби,
И десето пауни,
Пак в година да дојте!”