Зборник на Миладиновци/ Мома Буљукбаш

Стојна и ајдути Мома Буљукбаш

од Браќа Миладиновци
Јана
на современ македонски правопис


Дали се чуло, видело,
Мома буљукбаш да бидит
Со сто ј педесет сејмени,
Со триста мина делии,
С кадифе фустан до земја,
Со т'нка пушка на рамо,
Чифте пиштоли на појас!
Сејмени ја завиделе,
Силна поплака сториле:
„Нејкиме мома буљукбаш!”
Мома буљукбаш говоре:
„Месите пресна погача,
Турите алтан во неја,
Скршите парче по парче,
Кому алтанот ке паднит,
Тој буљукбаша да бидит.”
Месиле пресна погача,
Кладоха алтан во неа,
Скршиле парче no парче,
На сите по две парчина,
Моме се даде едно парче,
Нејѕе је падна алтанот.
Делии ја завидоха,
Силна поплака сториха:
„Нејкиме мома буљукбаш!”
Мома буљукбаш говори:
,,Ај на нишан да фарлиме,
Нис прстен куршум провриме,
Кој ке ми нишан погодит,
Тој буљукбаша да бидит.”
Никој ми нишан погоди,
Моме ми нишан погоди,
Остана моме буљукбаш,
Со ста ј педесет сејмени,
Со триста мина делии.