Зборник на Миладиновци/ Митре поморјанче и Мариа белоградска

Каравидо, невеста Кара Воја, сестра Ангелина и Турци Митре поморјанче и Мариа белоградска

од Браќа Миладиновци
Стојан и Бојана
на современ македонски правопис


Посвршил се Митре Поморјанче
Ја посврши Марја Белогратска.
Бог го убил Петре Вајрадинче!
3ашто беше Петре кувенџифче,
Ја преврши кир бела Мариа.
Дури ми ја прстен прстенвало,
Поарџило три тоари азно,
От како је прстен прстенвало;
Што напраи прстен над прстена,
Што напраи бурма позлаштена,
А на бурма камен безценети,
Што напраи до три злати венци,
А на венци камни безценети;
Си поарџи уште три тоари,
Се сторие шес тоари азно.
Си дочуло Митре Поморјанче,
Дома појде мошне умилено,
Р'це кршит от бели колена
Глаа крши от бели бедени,
С'лѕи ронит по бели пазуи,
От пазуи по бели скутеи,
Го догледа негва стара мајка:
„Ајти Митре, ајти синче мило!
Што си олку, синко, ујадвено,
Што ми рониш, синко, дробни с'лѕи,
Се во с'лѕи си се утопило,
Дури си ја земја завадило
От жаљои, Митре, от плакои?”
Не можеше мајке збор да даит,
Одвај Митре је отгоорило:
„Как да не су, мај ко, уплакано,
Как да не сум мошне ујадвано?
Бог го убил Петре Вајрадинче,
Вајрадинче Петре кувенџифче!
Што ми сторил големи намузлак,
Што напраил прстен нат прстена,
Што напраил до три злати венци,
Што наредил камни безценети,
Што поарџил шес тоари азно,
Ја превршил кир бела Мариа.”
Тога рече Митреа стара мајка:
„Ајти Митре, ај ти синко миле!
Аљ тоа те брига нашло?
Ај земај си малу многу азно,
Та собери младине мајстори,
Напрај си нована гемиа,
Та појди си во града Прилепа,
Прекупи си свила и коприна,
Прекупи си свиленн кошули,
Прекупи си медени елеци,
Што и носат свршени девојки;
Прекупи си чоа парангора,
Што прает џубина за неести,
Нап'лни си нована гемија,
Откупи си млади гемиџии,
Префрли се преку црно море,
Излези си во Белего-града.
Ко ке појдиш во Белего града,
Да си клаиш три млади тељали,
Да викает низ Белего града,
Да излезет свршени девојки,
Да купеет свила и коприна,
Белки, синко, ке ти се измамит,
Ке ти дојдит кир бела Мариа.
Ама, синко, да не ми се мамиш,
Стока надвор да не им изважаш,
Тук да дојдет во нова гемиа,
Да земает се што ке им требит.”
Како мајка си го научила,
Така Митре мајка си почуло.
Тој си зеде малу многу азно,
Та си собра младине мајстори,
Си напраи нована гемиј а,
Та си појде во града Прилепа,
Си прекупи свила и коприна,
Си прекупи свилени кошули,
Си прекупи медени елеци,
Што и носат свршени девојки;
Си прекупи чоа парангора,
Што ми прает џубина за неести,
Си наполна нована гемија,
Си откупи млади гемиџии,
Се префрли преку црно море,
Си излезе во Белегo-града,
И си кладе три млади тељали,
Ко викнае три млади тељали:
„Излегвите, свршени девојки,
Да купвите свила и коприна!”
Тога рече кир бела Мариа:
„А егиди три млади тељали!
Јас ке дојдам прво на гемии,
Да си купам свила и коприна;
Ај речите на млад гемиџиа,
Да постелит платно бамбакерно,
От портите дури до гемиа,
Јас ке дојдам на нова гемиа.”
Му казае три млади тељали,
„Оти сакат кир бела Мариа,
Да постелиш платно бамбакерно”
И ми посла Митре Поморјанче
От гемиа дури до портите.
И си стана кир бела Мариа,
Се промена, лепо се наружи,
И си зеде триесет девојки,
Си отиде на нова гемиа.
Тога рече кир бела Мариа:
„А егиди младо праматарче!
Извади ни свила и коприна,
Извади ни свилени кошули,
Извади ни медени елеци,
Извади ни чоа парангора,
Што ми носат свршени девојки.”
Тога рече Митре Поморјанче:
„А егиди кир бела Марио!
Клетва имам от мојата мајка,
От гемиа стока не изважам;
От сте вие триесет девојки,
Секој насе ке си отберите,
Овде многу ке се забаите;
Нешто роса да не ми заросит,
Нешто ветар да не ми повеит,
Да огрдит свила и коприна;
Ај влезите в нована гемија!
И си влезе кир бела Мариа
А по неа триесет девојки.
И им фрли Митре Поморјанче.
Што им фрли свилена јоргана,
И им тури свила и коприна.
С опулие свршени девојки,
Да гледает свила и коприна.
Тога рече Митре Поморјанче:
„А егиди млади гемиџии,
Али сега брака, аљ никога!
Одтурнете новава гемија,
Си имаме п' една на јунака.”
Одтурнале новава гемија;
А момички туку отбирает,
Што им требит се да си земеет.
Се испраи кир бела Мариа,
Си се најде стреде црно море.
Тога рече кир бела Мариа:
„А егиди Митре Поморјанче!
Што је овој унер што напраи,
Аљ ке беше от твоја умштина,
Аљ ке беше от твојата мајка?”
И је рече Митре Поморјанче:
„Умштината от мојата мајка,
Јунаштина от мене да знаиш.”
Префрлие преку црно море,
Излегое на крај на краиште.
Го догледа Митреата мајка,
Го пречека с голем калабалак.
Тога рече Митре добар јунак:
„А егиди млади гемиџии!
Не вардите новава гемија,
Тук вардите свршени девојки,
Што ни дошле сами на гемиа,
Земајте си п' една на јунака,
Секој дома си да си одите.”
Си зедое млади гемиџии,
Отидое сите при мајка си.
Митреа мајка унер ми сторила.
Три месеци свадба ми чинила.
И си рече Петре Вајрадинче:
„Арно сторил Митре Поморјанче,
Как му сториф, појке ми го стори,
Нешто атар пак не ми останвит;
Как се грабит свршена момичка!
Зари неа триесет појдое.