Зборник на Миладиновци/ Маса плената
Краљ Матлиа и три сестри | Маса плената од Браќа Миладиновци |
Мита плената |
на современ македонски правопис |
Течит река студена низ стред село Врбјани,
Што налеа реката до две врби китени,
На врбите имаше два одара шарени
На одарот седее до два млади јунаци;
Еден беше Јајо-ага, другиот Весел-ага,
Весел-ага Пиперко, Јајо-ага Пустина.
Турци турски зборвее Маса да је грабеет.
Маса имат два брата главата си давае,
Маса не је давае, им каза на браќа си:
„Море мили братина, Турци турски што
зборвет,
Мене да ме грабеет.” Леле Масо грабеет.
Браќа се зачудие к'де сестра да скријет,
Да не им ја пограбит Весел-ага Пиперко;
Да не им ја однесит во некоја планина,
К'де луѓе да немат. Маса легна да спиет.
Браќа на лов појдое; дури браќа дојдое,
Маса не е најдое. Турци ми је грабнее.