Зборник на Миладиновци/ Марко и Цвета

232 песна Марко и Цвета

од Браќа Миладиновци
234 песна
на современ македонски правопис



Посвршил се Марко добар јунак,
Посвршил ја Цвета мила моме,
Колку се посвршил в часот се поболил,
От црната чума, от јуначка болес!
И Морко је велит: „Мајко, мила мајко!
Страх ме да ти кажам, грех ме да ти речам;
Иди довикај мојата дружина,
Со ним да се видам, со ним да се простам;
Ја белки ке умрам,ја белки ке станам;.”
И ми је отишла Маркоата мајко,
И ми је собрала негоата дружина,
Со ним се виде, со ним се прости.
Пак Марко рече: „мајко, мила мајко!
Грех ме да ти речам, страх ме да ти кажам;
Иди викај, мајко, Цвета мала моме,
И ја да ја видам, и та да ме видит!”
И ми је отишла Маркоата мајко,
И ми је стигнала на Цветина врата,
Дваш ми је кљукнала, триш ми је викнала:
„Сваке, мила сваке, непознаена рода!
Иди викај, мајко. Цвета мала моме,
Нека се променит се во тоа руво,
Се во тоа руво што ми прстен зела,
Оти ми је Марко мошне на зле болен,
С него да се видит, с него да се простит;
Та бељки ке умрит, та бељки ке станит.”
Си се променила Цвета мала моме,
И ми отишла при Марко да го видит;
И колку ја виде часот душа даде.
Марко ми почина, Цвета се поболи;
Марко ми променват, Цвета душа даат;
Марко закопаа, Цвета однесоа.
Марко закопаа прет белата црква,
Цвета закопаа зат белата црква;
И на Марков кивур што ми изникнало,
Ми изникнале високи две тополе;
На Цветинин кивур што ми изникнало,
И ми изникнала една бела лоза,
Таа се превила прет белата црква,
Та ми се завила околу топола.