Зборник на Миладиновци/ Кога ја качват на коња

Кога пуштат побратимите за да земат невестата Кога ја качват на коња

од Браќа Миладиновци
Кога побратимите држат невестата
на современ македонски правопис.


Изникнало је зелено дрво,
Колку зелено толку јадово,
Со врф се клањат, с корен проштаат;
„Прости ме, прости, еј мили татко,
Оти ке одам на туѓа куќа,
Во туѓа куќа, во туги луѓе.
Татко не ми је, татко ке речам,
Татко ке речам, керко не велит;
Мајка не ми је, мајка ке речам,
Мајка ке речам, керко не велит;
Браќа не ми се, браќа ке речам,
Браќа ке речам, сестро не велет;
Сестри не ми се, сестро ке речам,
Сестро ке речам,сестро не велит.“