Верованија Игри

од Браќа Миладиновци
Преданија
на современ македонски правопис


Војска. Неколку време понапред, децата се делеха по махали т.е. гoрна и долна под еден главник, и се биеха от далеко со камења, а от близу со дрвени сабји, или стапови и м'здраци от трска.

Гага. Неколку луѓе се хваштает за појас на танец под еден главник, кои ги бранит; а други надвор от танецот идат околу ним за да грабеет робје. Главникот брго виткат танецот секако, на десно, на лево; и от силата некој ке се отпуштит; него грабеет тие што ходат околу танецот, го држат на ст'рна и пејет: „Кадри бефме, ведри бефме, ви грабнафме човекот; јунаци бефме, ви поробифме војската.” - От танецот им се отговорват со пеење и играње: „Крастоо беше, кељо беше, за тва го зедофте; слепо беше, коро беше, држете го; ак' сте јунак от јунака, грабните от јунаци.” - И така прод'лжават играта, која се викат гага.

Крижи минси. На едно дете затворает очите, а другите се криат, после това ги барат; и кого ке најдит, нему затворает очите.

Котка. Неколку деца земает куси стапчина, и едно дрвце оклопчесто, колку јаболко, кое се викат котка. На околу направјет толку мали дупки, колку мина ке играет без еден; а в стреде направјет една поголема за котката. Еден, кои немат дупка, пасит котката т.е. со стапчето ја кљошкат, да ја внесит во стредната дупка; а другите држат стапчината опрени во малите дупки и се печаљат да му ја истерает; и кога котката ке се приближит до некого, овој ја кљошкат со стапчето далеко от дупките. Но ако тој, што ја пасит, успеит во това време, кога другиот ја кљошкат, да кладит стапчето во неговата дупка, тога другиот ке пасит котката. Но ако тој што ја пасит успеит да ја внесит во големата дупка, тога сите си пременват дупките; тога тој, што ја пасит, се печалит да хватит дупка; а тој што ке останит без дупка, тој пасит котката. Таја игра се викат котка.