Зборник на Миладиновци/ Желник Пејо

Неда и Стојан Желник Пејо

од Браќа Миладиновци
212 песна
на современ македонски правопис


Си овчари вечерале,
Желник Пејо не вечерат;
Си овчари го викаа:
„Ела, Пејо, да вечераш!”
„Ој офчари, мој дружина!
Вечерајте, не чекајте,
Мене ми се не вечерат,
Срце ми се разсвирело,
Ке ми бидет спроти глава,
Ке ми бидит нешто коба.”
Уште речта не изрече,
Се задале арамии,
Го фатиле желник Пеја,
Му врзале бела р'це
Бели р'це на опаку,
Му туриле дробен синџир,
Дробен синџир на грлото,
Го терале со се стадо.