Зборник на Миладиновци/ Еднаква (2)
Свети Петар и мајка му | Еднаква од Браќа Миладиновци |
Свети Петар и мајка му |
на современ македонски правопис |
Ми киниса свети Петар,
Ке ми одит у рај-боже,
По него је грешна мајка,
Грешна мајка, грешна душа.
„Сине мои, свети Петар!
Постој, сине, почекај ме,
У рај идам, рај да видам!”
Се поврати свети Петар:
„Ај от тува грешна мајко!
Не је леко за рај-боже,
Рајски порти затворени,
Пеколските отворени.
Дали знаеш паметуваш,
Кога бехме у бел света,
Ти си беше богатница
Богатница, имовита;
Стока имаше преку глава,
Силен ѓавол те силеше,
Ти за бога не даваше.
Ти дојдоа два просјака,
Ти дојдоа во куќата,
Ти свиреа от пладнина
Ти питаа до квечера;
Срце мајко не те жежна,
Нешто милост да им сториш;
Та изваде корка лебец,
Што стоила три недели;
И изваде лен појасмо
Им подаде за господа;
Ти пак назад се поврати,
На тоа пишман се стори:
„Дејди боже, златен боже!
Си ја дадоф сета стока,
Да ја јадат немачници
Немачници, немтурици!
Мојте деца што ке јадат?” –
Дејди мајко, грешна душо!
Не ми беа тие просјаци,
Туку беа два ангела;
Еден беше свет' Илиа,
А другио свети Никола.
Уште малце ке те судам:
Ти си беше крстеница,
Крштаваше мали деца,
Не одеше за крштење,
Тук одеше за јадење,
За јадење, за пиење;
Ништо, Мајко, не подаде
Ни кошуљче, ни платенце,
Ни платенце, ни чораби,
Ни чораби, ни капица;
Голи, боси те чекает
Те чекает пред господа.
На господа как ке одговориш!
Уште, мајче, ке те судам;
Ти си беше карчмарица,
Продаваше рујно вино;
Ти доиха п'тници
П'тници сиромаси,
Те прашаха п'тници:
„Хаи даваш, хаи зимаш?” –
Ти, мајче, се колнеше:
„Бог ми душа, враг ми душа!
Токмо давам, токмо земам.” –
Им наполни триста драма,
Триста драма бистра вода,
А сто драма чисто вино!
О ти мајко, грешна душо!
Токмо зеде, кусо даде. –
Уште мајко ке те судам:
Силен ѓавол те cилеше
Заем брашно ти земаше
От сиромаси комшии,
Чисто брашно ти земаше,
Кога назад го враќаше,
Полу пепел го мешаше.” –
Па дојдоха на рај-боже;
Напред оди свети Петар;
Вчасо дојде грешна душа;
Па дојдоха на влакнен мост,
Си поминал свети Петер;
Току дојде грешна мајка,
Вчасо дојде стреде моста;
Ми се скина стреде моста,
Ми пропадна на дно пекол.
С'вети Петар први ангел,
Му се моли на господа,
Му се моли три години,
Три години и три дни:
„Ејди боже, златен боже!
Прости ми ја моја мајка,
Моја мајка грешна душа!” –
„Ај от тува свети Петер!
Не се проштат твоја мајка,
Твоја мајка многу грешна.” –
Не ја прости на три години
Тук ја прости на трите дни.
Ходи от тука свети Петер!
Просто тебе твоја мајка;
Да си појдиш по крај море,
Да усучиш танка врфца,
Да ја пуштиш у пеколот,
Да се фати твоја мајка
Твоја мајка грешна душа.
Тамо имат други грешни,
Грешни седумдесет души,
Да се држат от нејѕини поли
Нејѕини поли и р'кави,
Да излезет на бели свет.” –
Ми отиде свети Петер,
Ми отиде по крај море.
Му се фати за десна пола,
Му се фати лен појасмо,
Го усука т'нка врфца,
Па го пушти у пеколот.
Врфцата не достигнала;
Свети Петер си имаше,
Си имаше русо перче,
Па наддаде т'нка врфца.
Глас си даде свети Петер:
„О ти мајко, грешна душо!
Те измолих от господа.
Ел чуете седумдесет души!
Држете се за полите
За полите, за р'кави!” –
А што беше завидлива,
Ток што виде бели света:
„Ај от тува свински керки
Свински керки, песи керки!
Ја сум дојла свети Петра,
Ја сум лулала свети Петра,
Вие не сте го доиле,
Ни па сте го лулале!”-
Тогај господ пак си дочу,
Стреде врфца ми се скина,
На дно пекол ми пропадна.
„Ејди мајко, грешна душо,
Дното в пекол си кердоса!”