Зборник на Миладиновци/ Еден син у мајка
Мома и змија | Еден син у мајка од Браќа Миладиновци |
239 песна |
на современ македонски правопис |
Што се Босно мошне зачадило?
Аљ попаднал паша Махмуд паша?
Аљ му Гответ ручек и вечера?
Не ми било паша Махмуд паша,
Не му гответ ручек и вечера,
Туку биет чума поморница.
На ден бијет двесте триста мина,
Уште ми се Босно не узнало,
Дури умре еден син у мајка;
Тога ми се чума разузнала,
Се што чуло, се ми пожаљало,
А мајка му дур' се побудали,
К'та дена на гроб одеештем,
Одеештем, сина плачеештем,
Плачеештем, чума к'лнеештем,
Дури му се богу нажалило;
И је пушти анreл от небеси,
Збор да даит на својата мајка.
„Леле мајка, леле мила мајко!
Не к'лни ми чума поморница,
Тук' к'лни го Имера бербера,
Што ме бричи рано во недеља,
Ми остаи перчин до рамена,
А во перчин змија гнездо виет;
Не ме удри чума поморница,
Љута змија мене ме изеде.”