Зборник на Миладиновци/ Димни Марко и Елена невеста

Стумница невеста Димни Марко и Елена невеста

од Браќа Миладиновци
Више Гркина и Еврејче
на современ македонски правопис


Кинисале две девојки,
Две девојки вишоранки,
Да ми одет на клаенец
Ha клаенец на Д'бои,
Да ми белет бело платно,
Запеале лепа песма,
За Елена Маркоица:
„Јазак, јазак, бре Елено,
Што отљуби Димни Марка,
Пa заљуби левен Дука,
Твоега мили побратима!”
И и дочу Димни Марко,
Кад' приблиза до клаенец:
„Две девојки, две другачки!
Ке ви даам п'еден дукат,
Запеите таа песма,
Што ја преѓе ја пеефте,
За Елена Маркоица!”
Две девојки јa запеа,
Јазак, јазак бре Елено,
Што отљуби Димни Марка,
И заљуби левен Дука,
Твоего мили пабратима.”
Појде Марка на дивани,
је велит стопанке си:
„Еј Елено, домакинко!
Сакам гости да си канам,
И да канам, левен Дука,
Твоега мили побратима,
Кога мие да пратиме?”
Таја рече „сама одам.”
И ja прати да гo канит,
Тој се качи на дивани,
И ја зеде дулбиата,
И сам Марко и довиде,
К'де тија си играа,
Негде годе се дирает,
И со коњи се надтрчват.
Mи дофтаса левен Дуко,
Придојдое други гости.
Тогај рече Димни Марко:
„Еј Елено, домакинко!
Која слуга ти ке чиниш?
Или cвeќa да си држиш,
Или слуга да си служиш?”
„Ејди Марко! му говоре
Слуга ја да си послужам,
Да не некој ме потфатит,
За мојата бела р'ка,
Тебе добро не ке паднит;
A ja свеќа да ти светам.”
Марко зеде рогузина,
Ја намачка со катрана,
Ја завитка Маркоица,
Ја изгори домакинка;
Да се знаит паметуват,
Отљубила Димни Марка,
Заљубила левен Дука,
Левен Дука мил побратим.