Пословици Гатанки

од Браќа Миладиновци
нема
на современ македонски правопис


1. Иво се водит со девет лози, и напрет одит, и назат одит, сам бог се чудит, како се возит (рак). –
2. Осушен, досушен, три девет кожушен (кромит). –
3. Кусо мече дрен тресит (чешаљка). –
4. Ж'лти правци в тиња лежат (расол). –
5. Копам дупка до колена (скорни). –
6. Кусо прасе по рит пасит (брич). –
7. Д'лга Неда сенка немат (река). –
8. Виено, плетено на судни м'ки клаено (верушка). –
9. Љута кучка в кланик лежат (киселина). –
10. Д'лг Тодор без коски (чад). –
11. Бесна кучка в гори лаит (секира). –
12. Уш магаре во кошара, ушите не му влегвет (сврдел). –
13. Пет сестрички се бркает, и не может да се стигнет (игли от чораби). –
14. Црвен прч в пештера лежат (јазик). –
15. Полна црква диреѕи (уста). –
16. Си имам дупка, посегнаф в дупка, извадоф црна Еѓупка (соаљка). –
17. Малоо грненце, сладко варилце (лешник). –
18. Четворица браќа в една кошуља не может да се видет (јатки от орех). –
19. Си имаф една сестрица; кој помини, баци ја, јас поминвам си ја бацвам (стомна). –
20. Си имаф една магарче, кој помини вјавни го, јас поминаф си го вјавнаф (праг). –
21. Си имаф едно магаренце, сето сенце ми г' изеде, и ништо не истаи (вила). –
22. Ни ткаено, ни предено, ни шиено, по куќи растурено (п'јачина). –
23. Кинисала куса Календина, да ми одит на гасти; ја престретил препечен Куља „К'де одиш куса Календина?” – „Јас ке идам у тебе на гости (искра во оџак). –
24. Ке одам, кеф патим; ке стретам кеф Марче, ке земам кеф камче, ке удрам кеф. Мара по глава, ке ме сторит ке барч (змиа).
25. А Дардан татка, а Дардана мајка, шеберести деца (елемиа, вртељка). –
26. Најсладко, најблаго на таљур не се клаат (сон). –
27. Чуре море препливало, ни Чуре с' удавило, ни море се зам'тило (п'јак). –
28. Живо, живо живиле, на грмада седеше, живо месо тегнеше (руљче, цицајче).–
29. Полн тагар јајца над ѓарамиди (ѕвезди). –
30. Петер пеит, Мара се разлеи (клепало). –
31. Една стомна со седум дупки, тури вода не течит (глава). –
32. Кралев зет на кол висит, а зло ти мислит (пушка). –
33. Еден старец со три влакна под него (стол). –
34. Рикна вол в темен дол, чуја лисиците, опрчиа опашките (т'пан). –
35. Бел пес на ѓарамиди (снег). –
36. Стред море оган горит (фитиљ в к'ндило). –
37. Коњска плоча в море не се давит (лист). –
38. Старци со бели бради не может да се стигнет (бранои). –
39. Полн кош деланки (трудна жена). –
40. Четири брача трчает, и не может да се стигнет (колца от колата). –
41. Имам сестрица со дванаесет ѕуници спиет (бочва). –
42. Ѕид ѕидосаноу вар варосано, ни ѕирка ни проѕирка (јајце). –
43. Црн калугер плешти печит (ланик, кланик). –
44. Еѓуптин се топореше, Еѓупка се чекореше (вршник и пирустиа). –
45. Отзгора небо, отздола небо, во стреде ливада (зелник или под саач черепна).–
46. Диви кози по рид пасат (вошки). –
47. Куса, кусо Кундане, наредено петлици (грозје). –
48. Кова от земја, бунар от платно, јаже от дрво (чубук). –
49. Мало помалечко цара наружует (игла). –
50. Елбет бег цареф зет, на кол висит, зло ти мислит (пушка). –
51. Мало малечко ползат, и куќата на себе носит (п'лджав). –
52. Клекна кмет, истај мед, го видоа дваица, го ватиа петина (кокошка и јајце). –
53. Викна Вида от висока рида, ја чу Трна со четири зрна (крава со босици). –
54. Мајка се сиромашит, детето се богатит (фурка и вретено). –
55. Бела квачка дење терат пилина, црна квачка нoќe и збират (ден и ношт). –
56. Една црква со еден подпор (печурка). –
57. Ни се водит, ни се терат, трага праит (сврдел). –
58. Старец со брадата в земи закопана (прас). –
59. Чоек сиот закопан, с'де глаата му се гледат (брут, клинец). –
60. Дари кучка низ лески (соаљка). –
61. На стар му се влечкает черевата (к'нтар). -
62. Илиа копилешко по поле шеташе, без број коња носеше (еш). –
63. Пет браќа прает магаза (игли от чораби). –
64. Си је голап под земја (плуг). -
65. Стреде море дирег се крепит (бунар). -
66. В една племна много атои, еден јарец не можат да го згазет (уста и јазик). -
67. Бел сокол под земи летат (емиш от плугот). –
68. Јаже до јаже на крајот јунец (тиква). -
69. Ене го, ене го, го немат (искра). -
70. Две сестри в една дупка (врата). -
71. Два орла се биеа, бели пени пуштаа (воденица). –
72. Имах една невеста в коше седеше, по куки шеташе, пак на место си идеше (метла). -
73. Седум дупки в една грутка (глава). -
74. Таткото уште не роден, син му ошол в Стамбол (чад). -
75. Десет попои сите носат шапки на глава (прстите со нохтите). -
76. Една нива грутлива си изникна трева, на тревата дваесет браќа (клас). -
77. Едно нешто летат, високо летат, кога ке паднит како на памбук (преперуга). -
78. Царот си имаше една бочва, полоина бело вино, полоина ж'лто (јајце). -
79. Плочи на плочи се качвет дур на небеси (чад). -
80. Ноке излегвит, дење се кријет (заврница, лост, сурме). -
81. Една кобила се тресит стред море (платното от сито). -
82. Едно јагне две планиње блеит (дете во кроена, в лељајка). –
83. Бела ливада со црни цвеќа (книга писана). –
84. Вујкото ја задеат, вуњата викат (кључ). -
85. Едно нешто ноке летат, негде гаде засветвит (светуљка, вештица). -
86. По еден п'т еден стап, оди, оди преврти се (риба). –
87. Без една работа ни човек, ни господ живјат (место). –
88. Сви угоре, сви удолу, сви глаата псоиса (искра). –
89. Малоо црно цара от коња подигат (болфа). –
90. Мокро теле в јасли леже (јазик). -
91. Сив голап околу тумба врте (брич). -
92. Малечко Турче, голема чалма (свешталник). -
93. Две сестрици през плет се целиват, и не можат да се видат (очи).
94. Една сестрица се мокра стое (стомна). -
95. Честа гора, во гората диви свини, крај гората до две змии, крај змиите два бунара (коси, вошки, вежи, очи). –
96. Кусо мече дрен тресе (чешел). -
97. Кусо мече на чекорче клече (грозд на пенушка). -
98. Жолто куче под плет леже (пепун, каун). -
99. Буба леже, буба не, самар носи коин не, рогови има, вол не (полджав, роглец). -
100. Една сестрица низ плет се провира, черевата је влечат (игла).
101. Шило бодило, низ гора ходило, траг не оставило (пчела). –
102. Полна конушница бели коња, на стред' има црвен коњ, на белата коња ритка (јазик и з'би). -
103. Дрипава Ѓупка пред цар излегве (комад, зелник). -
104. От горе д'ска (штица), от долу д'ска, вн'тре седе црни софта (желка). -