Зборник на Миладиновци/ Будинска Јана

Бојана војводка Будинска Јана

од Браќа Миладиновци
Краљовица и Турчин војвода
на современ македонски правопис


Ејди Јано, Будин Јано!
3а тебе ce Будин биет;
Два те цара посакале,
A трекиот ке те грабит!
Стана Јана ми побегна,
Mи отиде Димна гора,
Димна гора Богданоа,
Најде дрео кипароо;
Во коренот змех му лежит,
Ha врвои славеј пеит.
Mи ce скрила Будин Јана
3меотому1) под криљата.
Царот' пушти три елчии,
Да ја најдет Будин Јана.
Отидое Димна гора,
С'та гора исекое,
Нигде Јана не најдое.
Ce вратие елчиите,
И на царот мц кажвеет:
„Еди наше господаре!
С'та гора исекохме,
Нигде Јана не најдохме;
Едно дрео остаифме,
Ha врвои славеј пеит,
Ha коренот змех му лежит.”