Зборник на Миладиновци/ Болен Дојчин (3)

Болен Дојчин Болен Дојчин

од Браќа Миладиновци
Болен Дојчин, сирак Јанко и крал Марко, солунски чувачи
на современ македонски правопис


Блен лежи Дојчин јунак,
Дојчиница coлѕи poнe;
Догледа га болен Дојчин,
Ta je вели и говоре:
„Ангелино првна љубав!
Дали ти се додеало,
Зашта лежам три години,
Три години на постеља?”
Она вели и говоре:
„Прва љубов, Дојчин јунак!
Мене не се додеала,
Оти лежиш три години.
Тук' је дошел црн Арапин,
Црн Арапин дудаклиа
Во Солунско рамно пoлe;
Одтворил је бели чадар,
Таин земе од Солуна,
П' една фурна бел пексемит,
Ho една крава јалова,
П' една бочва благо вино,
И пo една малка мома,
Да гo служи благо вино.”
Тога вика болен Дојчин:
„Ангелино прва љубов!
Извади ми триста лакти
Триста лакти тенко платно,
Да презбирам болни коски,
Оседли ми брза коња,
Брза коња некована,
Три години нехранена,
Донеси ми остра сабја,
Остра сабја димискиа;
И донеси боздогана
Боздогана харѓосана,
Три години нефатена.”
Ангелина го послуша,
My донесе тенко платно,
My оружи брза коња,
My донесе остра сабја,
Боздогана нефатена.
Ce oпaши, ce оружи,
И си вјахна брза коња,
И излезе од Солуна.
Праву тегне на бел чадар,
Од далеку се провикна:
„Е! Арапин, црн Арапин,
Црн Арапин дудаклиа!
Е! излези црн Арапин,
Да те видам што јунак си!”
Как го дочу црн Арапин,
Ta je грабнал боздогана,
И си вјахнал брза коња,
И излегол на мегдана,
И фрлил co боздогана.
Дојчинов коњ хунерџиа
Cи паднал во коленици;
Изварвела боздогана,
И пак коња је рипнала,
И Дојчин се предвикнало,
Боздотана је фарлило,
В гр'ди гo je погодило,
В црна земја закопало
И там ceло ce градело
И cе викна Араплиа,
Што ми стоит ден денеска.