За нацијата и националното прашање
За нацијата и националното прашање (извадок) од [[Христо Калајџиев]] |
Македонска мисъл кн. 9-10, год. 2, 1946 - Софија |
Идеолошкото упориште на реакционерите е националното прашање. Не штедат никаков напор ова прашање да го имаат под свој патент. Не е случајно во животот што екстремната реакција секогаш се совпаѓа со екстремниот национализам. Како резултат на долга и систематска работа преку воспитувањето во училиштата, касарните и преку разни манифестации во јавниот живот, таа успеа на овој начин да навлезе длабоко во масите, па честопати се соочуваме со парадоксалниот феномен, луѓе кои се инаку прогресивни, по ова прашањето да пливаат целосно во водите на реакцијата. Во најкритичните моменти на опшествениот развој, како што се војните што таа самата ги предизвика, се потпира исклучиво на од неа самата погрешниот всадениот став што го има спрема националните прашања.
Во борбата против реакцијата, демократските сили имаат една важна задача: да го разурнат ова нејзино идеолошко упориште. Против огромниот апарат што е во функција, против огромната апаратура пуштена од реакцијата, против длабоката заблуда насадувана во текот на долг временски период, од страна на демократските сили е направено малку. Најголемо внимание на ова прашање му посветиле болшевиците. Главно тие ги развија теоретските и практичните основи за прогресивниот, народниот патриотизам наспроти патриотизмот од интерес на реакцијата. Тие го симнаа прашањето за нацијата од метафизичките облаци, отстранија од ова прашање секаков фетишизам и го поставија на научна основа. Тие, предводени од нивните генијални водачи Ленин и Сталин, ги ставија во хармонија патриотските чувства на масите со нивните економски и политички интереси и ја уништија онаа основа на реакцијата преку која го закриваше нејзиниот економски грабеж на масите и нејзиното политичко угнетување.
Болшевичкиот прогресивен став кон националното прашање беше спроведен на одличен начин во Лајпцишкиот процес од водачот на бугарската работничка класа и основачот на Татковинскиот фронт - Георги Димитров. Таму на брилијантен начин се виде како интернационалистот, комунистот Георги Димитров ја одбрани честа и правата на својата нација со цврстина и гордост, без да ги засегне чувствата и правата на која било друга нација, тогаш кога неговите обвинители, загреани националисти, се изрезилија како луѓе инспирирани од животинска омраза спрема другите народи, и особено спрема балканските на кои им ја загрозија слободата. Како резултат на тоа секој искрен бугарски и балкански патриот се восхити од Димитров, го виде во него вистинскиот, народен патриотизам и ја демонстрираше, за секого очевидната и природна врска помеѓу националното и интернационалното чувство.
...