Заљубив едно младо девојче

Заљубив едно младо девојче
што ми беше несвршено
кај се најџвевме, се' си кажвевме
болки на срце што си имавме.
Нашата љубов беше неверна
што си ја ние либе имавме
јас да те љубам, да полудеам
заради љубовта што си ја имавме.
Бог да убие либе мајка ти
што те посврши за друго либе
колку е жално, колку е горко
јас да те љубам, друг да те земи.
Кога ќе умрам мори либе ле
ти на гробот мој либе да дојдиш
солзи да рониш, гласно да редиш
заради љубовта што ја имавме.

Поврзано

уреди