Зајди, зајди, јасно сонце
(Пренасочено од Зајди, зајди јасно сонце)
- Зајди, зајди, јасно сонце,
- Зајди, помрачи се,
- И ти, јасна ле месечино,
- Бегај, удави се.
- Црнеј, горо, црнеј, сестро,
- Двајца (двата) да црнееме,
- Ти за твоите лисја ле, горо,
- Јас за мојта младост.
- Твоите лисја, горо сестро,
- Пак ќе ти се вратат,
- (А) мојта младост, горо ле, (сестро),
- Нема да се врати.