Заплакало е Мариово

Заплакало е Мариово, заплакало е
За тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре,
Каде си Ѓорѓи, сега да дојдиш,
Леле да дојдиш,
Од душманите да не куртулиш.
Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна,
Од Демир Хисарските планина:
Слушам ве народ, народ поробен,
Леле, поробен,
Слушам ви гласој, гласој жалосни,
Сега за скоро, јас ќе дојдам, ќе престигнам
Со триесет одбрани момчиња,
Сите со куси манлихери, манлихери,
Сите со нагант леворвери.
Колку ми тргна Ѓорѓи Сугаре да оди.
Во тоа село Паралово,
Бог да убије шпиуните Параловци,
Ѓорѓија што ми го предадоа.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Музика Блог за македонски народни песни