Запис на учителот Ѓорѓи Македонски за своето потекло

Запис на учителот Ѓорѓи Македонски за своето потекло

од Ѓорѓи Македонски
1846[1]
Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како седмо дете од дванаесетте деца, пет машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стоимен, свјаштеник. И ја прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија.

Ден Голема Богородица на 1846 година.

Ѓорѓија Македонски.


Белешки

уреди
  1. Учителот Ѓорѓија Македонски, родум од с. Радибуш, Кривопаланечко, по повод стапувањето на учителска должност во родното с. Радибуш, го оставил овој запис со фразата вообичаена за тоа време: „Да се знае“ (Знано будет...)