Закон за авторско право и сродни права

Закон за авторско право и сродни права

од Влада на Република Македонија
закон на Република Македонија, Службен весник на Република Македонија бр. 47/97 од 12.09.1996


ОПШТИ ОДРЕДБИ

уреди

Член 1

Со овој закон се уредува правото на авторите над нивните дела од областа на книжевноста, науката и уметноста (во натамошниот текст: авторското право) и правата на изведувачите, на фонограмските и филмските продуценти, на радио и телевизиските организации и на издавачите (во натамошниот текст: сродните права), над нивните изведби и предмети на сродните права, како и остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права.

Член 2

Во смисла на овој закон:

  1. «Јавност», значи достапност на авторско дело, под еднакви услови, на неодреден број лица надвор од вообичаениот круг на семејството или личните познаници;
  2. «Објавување», значи дека авторското дело станало достапно на јавноста, независно од начинот и формата на која тоа е направено;
  3. «Репродукција», значи изработка на примерок од авторско дело, фиксирано на материјална подлога, независно од видот на подлогата на примерокот, бројот на примероците и постапката;
  4. «Дистрибуција», значи оригиналот или примерокот на авторското дело да се пушти во промет или да се понуди на јавноста заради продажба или друг вид пренос на сопственичко право, како и увоз на оригинал или примерок за натамошен промет;
  5. «Издавање», значи репродукција на авторско дело во доволен број примероци и нивна дистрибуција;
  6. «Изнајмување», значи оригиналот или примерокот на авторското дело да се даде на користење на определено време, заради непосредна или посредна економска корист;
  7. «Јавно изведување», значи објавување во живо или преку технички средства на книжевно или музичко дело, како и објавување во живо на сценско дело;
  8. «Јавно пренесување», значи изведба на книжевно, музичко или сценско дело да се објавува надвор од просторот или местото на изведувањето, независно од средството, начинот и постапката на пренесувањето (звучник, екран и слично);
  9. «Јавно прикажување», значи преку технички средства да се објави кинематографско или друго аудиовизуелно дело или дело од областа на фотографијата, ликовната уметност, архитектурата, урбанизмот, применетата уметност, дизајнот, картографијата, како и дела од научна и техничка природа;
  10. «Јавно изложување», значи објавување на оригинал или примерок на дело од ликовната уметност, на фотографско дело или на дело создадено во постапка слична на фотографската;
  11. «Радиодифузно емитување», значи објавување на авторско дело преку радио и телевизиски програмски сигнали безжично, вклучувајќи сателит во кодирани или некодирани форми или жично, вклучувајќи кабловски или микробранов систем. Како радиодифузно емитување се смета и емитувањето преку телевизиски програмски сигнали по инди-видуално барање (on demand);
  12. «Радиодифузно реемитување», значи истовремено, во целина и непроменето објавување на радиодифузно емитувано дело, доколку го врши друга радио и телевизиска организација или доколку се работи за пренос по кабловски или микробранов систем, а се однесува на повеќе од сто кабловски приклучоци или доколку делото почетно се емитува од друга држава (кабловско реемитување) и
  13. «Преработување», значи изворното авторско дело да се преведува, обработува, приспособува, аранжира или на друг начин да се преработи.

АВТОРСКО ПРАВО

уреди

Авторско дело

уреди

Член 3

Авторско дело, во смисла на овој закон, е индивидуална и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување, доколку со овој закон не е поинаку определено.

За авторско дело се смета особено:

Член 4

Составните делови на авторското дело, како и насловот на авторското дело, доколку сами по себе претставуваат индивидуална и интелектуална творба, уживаат иста заштита како и самото дело.

Не е дозволено, како наслов на авторското дело да се користи наслов што веќе бил употребен за дело од ист вид, доколку таквиот наслов би создал или би довел до создавање забуна во однос на авторското дело.

Член 5

Како авторско дело во смисла на овој закон, не се смета: идеја, концепција, откритие, службен текст од законодавна, извршна и судска област и нивен превод, кога е објавен како службен текст (во натамошниот текст: друго дело).

Член 6

Преработка на авторско дело, на друго дело и на дело од народното творештво, што претставува индивидуална и интелектуална творба, е самостојно авторско дело.

Со преработката на авторско дело не е дозволено да бидат засегнати правата на авторот на изворното дело.

Член 7

Збирка на авторски дела, на дела од народното творештво или на други дела, како што е: енциклопедија, антологија, зборник, база на податоци, збирка на документи и други збирки, што според изборот, намената или распоредот на содржината претставува индивидуална и интелектуална творба, е самостојно авторско дело.

Со внесувањето на изворно дело во збирка, не е дозволено да бидат повредени правата на авторите на тоа дело.

Со внесувањето на друго дело во збирка, тоа дело не станува авторско дело.

Член 8

Дела од народното творештво се користат согласно со овој закон.

Автор

уреди

Член 9

Автор, во смисла на овој закон, е физичко лице кое создало авторско дело.

Член 10

За автор се смета лице чие име, псевдоним или ознака на вообичаен начин е означено на делото или е наведено при неговото објавување, додека не се докаже спротивното.

Во случај кога авторот не е познат, авторското право на објавено дело го остварува оној којшто го објавил делото. Одредбата од став 2 на овој член престанува да важи кога иден-титетот на авторот ќе биде утврден. Во тој случај, носителот на авторското право од став 2 на овој член е должен користа од авторското право да му ја пренесе на авторот, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 11

Доколку авторското дело, создадено во соработка на две или повеќе лица, претставува неделива целина, на сите лица (во натамошниот текст: коавтори) им припаѓа неделиво авторско право на тоа дело.

Уделот на одделните коавтори се определува согласно со вистинскиот придонес што секој од нив го дал во создавањето на авторското дело, доколку со меѓусебен договор не е поинаку определено.

За користење на делото од став 1 на овој член заеднички одлучуваат сите коавтори, при што, ниеден од нив нема право да го спречи користењето на делото спротивно на принципите на совесност и чесност.

Доколку авторското дело, во смисла на став 1 од овој член, претставува делива целина, секој коавтор има авторско право на својот придонес во тоа дело.

Член 12

Во случај кога повеќе автори ги здружуваат своите дела заради заедничко користење, соодветно се применуваат одредбите од член 11 на овој закон.

Содржина на авторското право

уреди

Општи одредби

уреди

Член 13

Авторското право му припаѓа на авторот врз основа на самото создавање на делото, независно дали делото е објавено.

Член 14

Авторското право е единствено право и неразделно од авторското дело, што содржи исклучиви лично-правни овластувања (во натамошниот текст: морални права), исклучиви имотно-правни овластувања (во натамошниот текст: материјални права) и други овластувања на авторот (во натамошниот текст: други права).

Морални права

уреди

Член 15

Моралните права го штитат авторот по однос на неговата индивидуална и интелектуална врска со делото.

Член 16

Авторот има исклучиво морално право:

  • да одлучи дали, кога и како ќе биде прв пат објавено неговото дело;
  • на признавање на авторството на своето дело;
  • да одлучи дали при објавувањето на делото ќе се наведе неговото авторство и со каква ознака;
  • да бара при секое користење на делото на вообичаен начин да биде наведено неговото име, псевдоним или друга ознака;
  • на сочувување на целината на делото и да се спротивстави на секакво деформирање, сакатење или менување на неговото дело, односно да се спротивстави на секое користење на делото што може да & наштети на неговата личност, чест и углед;
  • да го измени делото, доколку со тоа не се нарушуваат правата стекнати од други лица и
  • да го откаже правото на носителот на негово материјално право, согласно со овој закон.

Член 17

Авторот има исклучиво право да му го откаже правото на носителот на неговото материјално право, доколку за тоа има вистински морални причини и доколку претходно на носителот му ја надомести штетата што настанала заради тоа.

Носителот од став 1 на овој член, е должен, во рок од три месеци од приемот на откажувањето, да му ја соопшти на авторот висината на штетата што треба да се надомести. Доколку тоа не го стори, по истекот на рокот, откажувањето станува полноважно.

Со откажувањето на правото од став 1 на овој член, се гаси материјалното право на носителот.

Доколку авторот сака подоцна повторно да го пренесе материјалното право на своето дело, е должен, во рок од три години од полноважноста на правото на откажување, тој пренос првенствено и под исти услови да му го понуди на носителот од став 1 на овој член.

Одредбите од овој член не се однесуваат на компјутерска програма, аудиовизуелно дело, сценско дело и бази на податоци.

Материјални права

уреди

Член 18

Материјалните права ги штитат имотните интереси на авторот.

Користењето на авторското дело е дозволено кога авторот го пренел материјалното авторско право, согласно со овој закон и согласно со условите што ги определил, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 19

Авторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да дозволува или забранува користење на делото од други лица, особено за: репродукција, дистрибуција, изнајмување, јавно изведување, јавно пренесување, јавно прикажување, јавно изложување, радиодифузно емитување, радиодифузно реемитување и преработување.

Авторот на изворното дело има исклучиво право на користење на своето дело во преработен облик, доколку со овој закон или со договор не е поинаку определено.

Други права на авторот

уреди

Член 20

Авторот има право на пристап до оригиналот или до примерокот од своето дело што го поседува друг, заради остварување на правото на репродукција или правото на преработка на делото, доколку тоа не е во спротивност со оправданиот интерес на имателот.

Авторот има право да побара, имателот да му го предаде оригиналот на ликовното или фотографското дело заради јавно изложување или друг вид објавување, доколку за тоа постои оправдан интерес.

Предавањето на оригиналот од став 2 на овој член, може да се услови со полагање соодветна кауција или со осигурување во висина на пазарната вредност на оригиналот.

Авторот е должен пристапот и предавањето од ставовите 1 и 2 на овој член да го стори со што е можно помалку непријатности за имателот и на своја сметка. Во случај на оштетување на делото, одговорен е авторот, независно од неговата вина.

Член 21

Доколку оригиналот на ликовното дело и оригиналот (ракописот) на книжевното или музичкото дело е продаден или на друг начин оттуѓен, неговиот автор има право за тоа да биде известен и да добие надомест во износ од 3 % од малопродажната цена од секоја наредна продажба (во натамошниот текст: право на следство).

За обврските од став 1 на овој член е одговорен сопственикот. Доколку оттуѓувањето е извршено преку галерист, организатор на јавна продажба или друг посредник, наведените лица солидарно се одговорни со сопственикот на делото.

Обврската за известување од став 1 на овој член, се однесува на податоци за насловите на оттуѓените дела, на податоци за сопственикот и посредникот, за малопродажната цена, како и на правото авторот соодветно да има увид во документацијата што ги содржи овие податоци .

Правото на следство не може да биде предмет на откажување, располагање и судско извршување.

Однос меѓу авторското и сопственичкото право

уреди

Член 22

Авторското право е независно и е во согласност со сопственичкото право или други права врз предмет, во кој е содржано авторско дело, доколку со закон не е поинаку определено.

Член 23

Пренесувањето одделни материјални права или други права на авторот на делото не влијае на сопственичкото право на предметот во кој е содржано авторско дело, доколку со закон или со договор не е поинаку определено.

Пренесувањето сопственичко право на предметот од став 1 на овој член, не влијае на моралните, материјалните или другите права на авторот на тоа дело, доколку со закон или со договор не е поинаку определено.

Член 24

Во заедничкиот имот на брачните другари влегува само имотната корист што потекнува од авторското право.

Член 25

Со првата продажба или друг вид пренесување на правото на сопственост на оригинал или примерок од авторското дело во Република Македонија, што се врши со изречна или премолчена согласност на носителот на правото, се смета дека е исцрпено правото на дистрибуција на тој оригинал или примерок на територијата на Републиката.

Член 26

Доколку сопственикот на архитектонски објект има намера тоа дело да го преработи, должен е таа преработка првенствено да му ја понуди на авторот на изворното дело, доколку истиот е жив и достапен на вообичаен начин.

Доколку авторот неоправдано ја одбие понудата од став 1 на овој член, сопственикот на делото стекнува право на преработка, но е должен да ги почитува моралните права на авторот.

Член 27

Доколку сопственикот на оригиналот на авторското дело, имајќи ги предвид околностите на случајот, претпостави дека авторот има интерес за негово сочувување, е должен таквиот оригинал да не го уништи, пред да му го понуди на авторот, а овој да му ја плати вредноста на материјалот од кој е изработен оригиналот.

Доколку враќањето на делото на авторот од став 1 на овој член не е можно, сопственикот е должен, на соодветен начин, да му овозможи на авторот изработка на копија од оригиналот.

Во случај кога авторското дело, во смисла на став 1 на овој член, е архитектонски објект, авторот има право да го фотографира делото, да му се овозможи пристап до делото за картографско снимање, односно премер на објектот и да побара на своја сметка да му бидат доставени фотокопии од проектите.

Ограничувања на материјалното право

уреди

Член 28

Користење авторско дело без пренесување соодветно материјално право може да се врши само над објавено авторско дело, во случаи определени со овој закон, со надомест (во понатамошниот текст: законски дозволи) и без надомест (во понатамошниот текст: слободно користење).

Користењето од став 1 на овој член, се врши во согласност со намената и целта и вообичаеното користење на делото, но да не е повеќе од нужно спротивно на интересите на авторот.

При користењето од став 1 на овој член, се наведува изворот и авторот на делото, доколку тоа е наведено на користеното дело.

Законски дозволи

уреди

Член 29

Законски дозволено е користење авторско дело во следниве случаи: • објавување, односно репродуцирање делови на авторски дела, како и дела од областа на фотографијата, ликовната и применетата уметност, архитектурата, дизајнот и картографијата, за наставни цели и • објавување актуелни написи од дневен и периодичен печат во кој се расправа за општи прашања, доколку тоа авторот изрично не го забранил.

Член 30

Законски дозволено е, радио и телевизиски организации да вршат радиодифузно емитување на авторски дела снимени со средства за механичка репродукција или слични средства.

Слободно користење

уреди

Член 31

Во слободно користење е авторско дело заради стекнување информации од општо значење, за целите на наставата, за приватно или друго сопствено репродуцирање, цитирање и други случаи согласно со овој закон.

Член 32

Заради стекнување информации од општо значење слободно е објавувањето на:

Член 33

За целите на наставата слободно е јавното изведување авторско дело:

  • во вид на непосредна настава и
  • на хуманитарни манифестации и на бесплатни училишни приредби, доколку учесниците на манифестациите, односно приредбите не добиваат надомест.

Член 34

Слободно е репродуцирање авторско дело најмногу во три примероци за:

  • приватно користење од физичко лице под услов, примероците да не & се достапни на јавноста и
  • сопствено користење од страна на јавните установи (архиви, библиотеки, кинотеки, културни, образовни, научни и слични установи) под услов, репродукциите да се направени од сопствен примерок.

Репродуцирањето во смисла на став 1 од овој член, не се однесува на книжевно дело во обем на цела книга (освен кога тиражот е исцрпен пред најмалку две години), на кинематографскои друго аудиовизуелно дело и фонограм, на графичко издание на музичко дело (освен со рачно препишување), на бази на податоци, на компјутерска програма, како и на архитектонски објект, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 35

Заради појаснување, полемика и упатување, слободно е цитирање авторско дело во обем од најмногу една четвртина од цитираното дело.

Член 36

Авторското дело што не е од битно значење по однос на намената на некој предмет при искористувањето на тој предмет, е во слободно користење, како споредно.

Член 37

Слободно е преработување авторско дело, доколку се работи за:

  • приватна или друга сопствена преработка, што не е наменета и не & е достапна на јавноста,
  • преработка во пародија или карикатура, доколку тоа не доведува до забуна по однос на изворот на делото,
  • преработка при дозволено користење, што ја налага целта на користењето и
  • преработка при дозволено користење, а спротивставувањето на авторот на преработката е во спротивност со начелото на совесност и чесност.

Член 38

Слободно е објавување авторски дела што се наоѓаат на јавни изложби, продажби, наддавања, саеми и слично, во каталози за таа цел, од страна на нивниот приредувач.

Член 39

Слободно е користење авторски дела што трајно се изложени во паркови, на улици, плоштади или други јавни места, освен кога користењето е во тродимензионална форма, за иста цел како и изворното дело и за постигнување економска корист.

Член 40

Слободно е користење авторско дело пред арбитражи, судски, управниили други државни органи, во обем што е неопходен за изведување докази.

Член 41

Слободно е користење авторско дело во обем што е неопходен да се провери работата при производство или продажба на фонограми или видеограми, апарати за нивно репродуцирање или објавување, како и опрема за прием на програми, во процес на нивно произведување и продавање.

Член 42

Слободно е користење дело од народното творештво.

При користењето од став 1 на овој член, се наведува изворот и потеклото на делото. Негово сакатење и недостојно користење, не е дозволено.

За остварување на правата од став 2 на овој член е надлежен Институтот за фолклор «Марко Цепенков» — Скопје.

Траење на авторското право

уреди

Член 43 Авторското право трае до истекот на роковите утврдени со овој закон. По исклучок на став 1 од овој член, одредени морални права траат и по истекот на рокот на траењето на авторското право, согласно со овој закон. Член 44 Авторското право трае за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт, доколку со овој закон не е поинаку определено. Член 45 Кога делото го реализирале повеќе автори (коавтори), рокот на траење од член 44 на овој закон, се смета од смртта на последниот жив автор. Член 46 Авторското право на анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по законското објавување на делото. Доколку псевдонимот не доведува до забуна за тоа кој е автор или доколку авторот, во рокот наведен во став 1 на овој член, го открие својот идентитет, се применува рокот од член 44 на овој закон. Член 47 Авторското право на аудиовизуелни и колективни дела трае 70 години по законското објавување на делото. Член 48 Кога рокот, според овој закон, не тече од смртта на авторот или авторите, а делото не било законски објавено во рок од 70 години од неговото создавање, авторското право трае 70 години по неговото создавање. Член 49 Во случај кога рокот на траење на авторското право, според овој закон, се смета според законското објавување на делото, а делото е објавено во збирки, делови, продолженија и слично, рокот се смета посебно за секој составен дел. Член 50 Небитните дополнителни измени на содржината на збирка не го продолжуваат времетраењето на заштитата на авторското право на збирката. Како небитни дополнителни измени од став 1 на овој член, се сметаат додатоци, бришења или преиначување при изборот или распоредот на содржината на збирката, потребни за нејзино натамошно користење на начин што го определил авторот. Член 51 Роковите на траење на заштитата на авторското право утврдени со овој закон, започнуваат да течат од 1 јануари од годината што следи по настанот, што е основа за пресметување на роковите. Член 52 Моралното право на откажување од член 17 на овој закон, трае додека авторот е жив. Моралните права за означување на авторството, за сочувување на целината на делото, како и за спротивставување на неговото сакатење од член 16 алинеи 3, 4 и 5 на овој закон, траат и по истекот на роковите за траење на авторското право, утврдени со овој закон. Член 53 Користењето на авторското дело е слободно по истекот на роковите за траење на авторското право, утврдени со овој закон. Член 54 За остварување на правата од член 52 на овој закон, е надлежно соодветно здружение на автори и Македонската академија на науките и уметностите.

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА АВТОРСКОТО ПРАВО

уреди

Општ дел

уреди

Член 55 Авторското право како целина е непреносливо.

Член 56 Авторот не може да ги пренесе моралните права на други лица. За остварување на моралните права на авторот по неговата смрт, покрај наследниците, е надлежно и соодветното здружение на автори.

Член 57 Авторот може, со договор или на друг законски начин, да пренесе на други лица одделни материјални права и одделни други права на авторот, доколку со овој закон не е поинаку определено. Пренесувањето материјални права или други права на авторот се врши во писмена форма, доколку со закон не е поинаку определено. Договорот за пренесување, што не е склучен во писмена форма, не произведува правни дејства. Спорните или нејасните одредби на договорите од став 1 на овој член, се толкуваат во интерес на авторот.

Член 58 Одредбите од член 57 на овој закон за авторските договори во писмена форма, не се однесуваат на договор за објавување написи, цртежи или текстови во списанија, ревии или друг дневен и периодичен печат.

Член 59 Ништовен е договор, односно одредба на договор, со кој авторот на друго лице му ги пренесува: — авторското право, како целина, — моралните права, — материјалните права врз свои идни дела и — материјалните права на непознати видови користење на авторските дела.

Член 60 На договорите за пренесување на авторското право се применуваат прописите за облигационите односи, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 61 Судско извршување над авторско право не е дозволено. Судско извршување е можно само над имотната корист што произлегува од авторското право. Судско извршување над недовршено авторско дело и над необјавен оригинал на авторско дело не е дозволено.

Член 62 Правата што според овој закон му припаѓаат на авторот, вклучувајќи го и правото на судска заштита, му припаѓаат и на друг носител на авторско право, во обем што со закон или со друг правен акт му се пренесени, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 63 Со договорот од член 57 на овој закон, се пренесува исклучиво или неисклучиво материјално право.

Член 64 Исклучиво материјално право, во смисла на овој закон, е право, носителот на авторското право да го користи делото, при што од користење се исклучени авторот и било кое друго лице. Неисклучиво материјално право, во смисла на овој закон, е право, носителот на авторското право, на договорен начин, да го користи делото покрај авторот или други носители. Доколку авторот склучи договор за неисклучиво право пред склучувањето договор за исклучиво право, носител на правото е носителот на исклучивото право, доколку меѓу авторот и носителот на неисклучивото право не е поинаку договорено.

Член 65 Доколку со закон или со договор не е поинаку определено, се смета дека со договор е пренесено неисклучиво право, за територијата на Република Македонија и за време што е вообичаено за тој вид дела. Доколку, во смисла на став 1 од овој член, не е определено кои одделни права се пренесуваат и во колкав обем, ќе се смета дека се пренесени оние права и во оној обем што е неопходен за постигнување на целта на договорот.

Член 66 Пренесувањето материјално право или друго право на авторот не влијае на пренесувањето на другите права, доколку со овој закон или со договор не е поинаку определено. Пренесувањето на правото на репродукција не го содржи и правото на чување на делото во електронска форма, како и правото за тонско или визуелно снимање, доколку со закон или со договор не е поинаку определено. При пренесувањето на правото на изнајмување на фонограми или видеограми, авторот го задржува правото на соодветен надомест при секое изнајмување. Од ова право авторот не може да се откаже.

Член 67 При пренесувањето на правото на репродукција, се смета дека е пренесено и правото на дистрибуција на примероците на тоа дело. При пренесувањето на правото на радиодифузно емитување на дела, се смета дека на радио и телевизиската (во понатамошниот текст: РТВ) организација & се пренесени и правата на: — снимање на делото со сопствени средства и за сопствено емитување (ефемерни снимки) и — доставување на ефемерните снимки до државен архив, доколку имаат исклучителна документарна вредност. За тоа организацијата без одлагање е должна да го извести авторот.

Член 68 Носителот кому му било пренесено материјално право или друго право на авторот, не може без дозвола на авторот, тоа право натаму да го пренесе на трети лица, доколку со закон или договор не е поинаку определено. Доколку натамошното пренесување на правото е последица на статусните измени на носителот, негов стечај или редовна ликвидација, не е потребна дозволата од став 1 на овој член. Доколку натамошното пренесување на правото е допуштено без дозвола на авторот, согласно со закон или договор, за авторските побарувања солидарна одговорност сносат претходниот и новиот носител.

Член 69 Во случај кога авторскиот надомест не е определен, надоместот се определува според вообичаеното плаќање за определен вид дела, според обемот и времетраењето на користењето и врз основа на други битни околности. Доколку со користењето на авторското дело се остварува добивка, која е значително поголема од договорениот или определениот надомест, авторот има право да побара измена на договорот, што ќе му овозможи поправичен удел во добивката. Од ова право авторот не може да се откаже.

Член 70 Во случај кога надоместот е договорен, односно определен во зависност од остварената добивка од користењето на делото, корисникот на авторското дело е должен да води соодветни книги или друга евиденција, од која може да се утврди висината на остварената добивка. Корисникот на авторското дело е должен да му овозможи на носителот на авторското право увид во евиденцијата од став 1 на овој член и да му доставува потребни извештаи за остварената добивка во вообичаен рок, доколку не е договорен друг рок.

Член 71 Авторот може да го повлече материјалното право, доколку носителот на исклучивото право во недоволна мера го остварува или воопшто не го остварува, а од тие причини интересите на авторот значително се оштетени. Авторот не може да го оствари повлекувањето од став 1 на овој член, доколку од него потекнуваат причините за тоа. Повлекувањето од став 1 на овој член, не може да се оствари пред истекот на две години од пренесувањето на материјалното право на делото, пред три месеци за прилог во дневен весник, односно пред една година за периодичен печат. Авторот може да го оствари повлекувањето според овој член, доколку му понуди на носителот дополнителен рок за соодветно остварување на правото. Со остварување на повлекувањето се гаси материјалното право на носителот. Доколку начелото на правичноста го налага тоа, авторот е должен на носителот на правото да му исплати соодветен надомест на штета. Авторот не може да се откаже од правото на повлекување според овој закон.


Посебен дел за пренесување на авторското право

уреди

Издавачки договор

уреди

Член 72 Со издавачки договор авторот се обврзува да му го пренесе на издавачот правото на издавање на своето дело преку печатење во книжен облик, а издавачот се обврзува за тоа да му плати надомест и делото да го издаде. Издавачкиот договор од став 1 на овој член, не го содржи правото на издавање на делото во електронски облик. За издавање на делото во електронски облик се склучува посебен договор. Издавачот од став 1 на овој член, има право меѓу еднакви понудувачи, на првенство на издавање на делото во електронски облик. Правото на првенство изнесува три години од договорениот рок за издавање на делото во книжен облик. Издавачот писмено се изјаснува во рок од 30 дена од приемот на понудата од авторот. Со издавачкиот договор може да се пренесе и правото на џебно издание, периодично издание, односно издавање во продолженија, преведување и слично.

Член 73 Издавачкиот договор содржи особено: вид на правата што се пренесуваат, нивниот обем и времетраење, територијата на која важат правата, рокот за издавање на делото и авторскиот надомест. Во случај кога надоместот е договорен во процент од малопродажната цена на продадените примероци на делото, во договорот се утврдува нивниот минимален број при првото печатење. Оваа обврска не е задолжителна, доколку со договорот е утврден минимален надомест, што издавачот е должен да го плаќа, без оглед на бројот на продадените примероци. Во случај кога надоместот е договорен во паушален износ, во издавачкиот договор се наведува тиражот. Доколку тој не е определен или не може да се утврди според целта на договорот, други околности или обичаи, издавачот може да го издаде делото во тираж од најмногу 500 примероци.

Член 74 Во времето на важење на издавачкиот договор, авторот не може да го пренесе правото на издавање на делото на ист јазик на други лица, доколку со договорот не е поинаку определено. Правото на издавање новинарски написи на ист јазик, авторот може да го пренесе во исто време на повеќе корисници, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 75 Доколку со издавачкиот договор не е поинаку определено, издавачот е должен, при наредните изданија, да му овозможи на авторот подобрување или измена на делото, под услов, тоа да не предизвика значителен трошок за издавачот и суштински да не го менува делото.

Член 76 Во случај кога делото, по доставувањето до издавачот, е уништено поради виша сила, авторот има право на надомест што би му припаднал, доколку делото било издадено. Во случај кога поради виша сила е уништено целокупното подготвено издание, а пред да биде пуштено во промет, издавачот има право да подготви ново издание, а авторот има право на надомест само за уништеното издание. Во случај кога поради виша сила е уништен дел од подготвеното издание, а пред да биде пуштено во промет, издавачот има право, без исплата на надомест да отпечати само толку примероци колку што биле уништени.

Член 77 Издавачкиот договор престанува во случај на: — смрт на авторот пред завршување на авторското дело, — исцрпување на тиражот на сите договорени изданија, — истек на рокот на важење на договорот и — други случаи утврдени со закон или договор. Авторот може да го раскине издавачкиот договор, доколку издавачот, откако било исцрпено претходното издание, не издаде нови договорени изданија во рок од три години од денот кога авторот го побарал тоа, освен доколку со договор не е поинаку определено. Се смета дека тиражот е исцрпен во смисла на овој закон, доколку бројот на непродадените примероци е помал од 5 % од сите договорени изданија, а во секој случај доколку е помал од 100 примероци. Во случај кога издавачот нема да го издаде делото во договорениот рок, авторот може да го раскине договорот и да бара надомест на штета, а воедно да го задржи добиениот надомест, односно да бара исплата на договорниот надомест. Во случај кога рокот за издавање на делото не е утврден во дого-ворот, издавачот е должен делото да го издаде во вообичаен рок, но најдоцна во рок од една година од денот на предавањето на ракописот.

Член 78 Кога издавачот има намера, по рокот од три години од договореното издавање на делото, да ги продаде непродадените примероци на делото како хартија за преработка, а во договорот не е определен подолг рок, е должен, примероците прво да му ги понуди на авторот за откуп, по цена што би ја добил од продажбата на примероците како хартија за преработка.



Договор за јавно изведување

уреди

Член 79 Со договор за јавно изведување авторот се обврзува да му го пренесе на корисникот правото за јавно изведување на своето дело, а корисникот се обврзува, за тоа, на авторот да му исплати надомест и делото јавно да го изведе.

Член 80 Договорот за јавно изведување содржи особено: вид, обем и време-траење на правата што се пренесуваат, територијата на која важат правата, начинот и рокот за јавното изведување на делото и авторскиот надомест.

Член 81 Корисникот е должен да му овозможи на авторот увид во јавното изведување на делото и да обезбеди соодветни технички услови за изведувањето, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 82 Во случај кога корисникот јавно не го изведе делото во договорниот рок, авторот има право да го раскине договорот и да побара оштета, како и да го задржи веќе добиениот надомест, односно да бара исплата на договорениот надомест.


Договор за нарачка на авторско дело

уреди

Член 83 Со договор за нарачка на авторско дело, авторот се обврзува да го создаде нарачаното авторско дело и да му го достави на нарачателот, а нарачателот се обврзува за тоа да му исплати надомест. Нарачателот има право да ја надгледува работата и да дава упатства, доколку со тоа не навлегува во правото на авторот за слободно творештво. Авторот го задржува авторското право врз нарачаното дело, освен правото на дистрибуција, доколку со закон или договор не е поинаку определено.

Член 84 Колективно авторско дело (енциклопедија, зборник и слично) во смисла на овој закон, е авторско дело создадено по иницијатива и организација на правно или физичко лице како нарачател, а во соработка на поголем број автори, што се објавува и користи под име на нарачателот. За создавање колективно авторско дело се склучува посебен договор. Се смета дека на нарачателот исклучиво и неограничено му се пренесени материјалните права и другите права на авторите на колективното дело, доколку со договор не е поинаку определено.



Авторско дело од работен однос

уреди

Член 85

Во случај кога авторското дело е создадено од работник при испол-нување на своите работни обврски или по упатство на работодавецот (во натамошниот текст: авторско дело од работен однос), се смета дека материјалните права и другите права на авторот на тоа дело, исклучиво му се пренесени на работодавецот за време од десет години по завршувањето на делото, доколку со соодветен колективен договор, односно со договор за работа не е поинаку определено.

По истекот на рокот од став 1 на овој член, материјалните права и другите права му припаѓаат на работникот, со тоа што работодавецот може да побара нивно повторно исклучиво пренесување, доколку му плати на работникот правичен надомест.

Член 86

По исклучок на член 85 на овој закон:

  • работникот го задржува исклучивото право да го користи авторското дело од работниот однос во рамките на своите собрани дела и
  • се смета дека материјалните права и другите права на авторот на колективно дело и на бази на податоци се исклучиво и неограничено пренесени на работодавецот, доколку со договор не е поинаку определено.

ГЛАВА ЧЕТВРТА

уреди

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА АВТОРСКИТЕ ДЕЛА

уреди

Аудиовизуелно дело

уреди

Член 87 Аудиовизуелно дело, во смисла на овој закон, е кинематографски, телевизиски и видео филм, друго аудиовизуелно дело, како и друго дело изразено во вид на поврзани подвижни слики, со или без тон, без оглед на видот на носачот што ги содржи.

Член 88 Автори на аудиовизуелно дело, во смисла на овој закон, се: писателот на сценариото, главниот режисер и главниот снимател, а кај цртаниот филм и главниот цртач. Во случај кога музиката е суштински елемент на делото, за автор се смета и авторот на музиката.

Член 89 Цртачот, односно авторот на музиката, кога не се смета за автор на аудиовизуелното дело според член 88 на овој закон, како и сценографот, костимографот, монтажерот и авторот на маски, имаат авторско право само врз своите придонеси кон аудиовизуелното дело (во натамошниот текст: автори на придонеси).

Член 90 Филмски продуцент, во смисла на овој закон, е правно или физичко лице кое во свое име, за своја или туѓа сметка, води или организира производство на аудиовизуелно дело и е одговорно за неговото довршување.

Член 91 Право на аудиовизуелно приспособување е исклучиво право, изворното дело да се преработи во аудиовизуелно дело или да се вклучи во аудиовизуелно дело. Со склучување договор за аудиовизуелно приспособување се смета дека авторот на изворното дело, исклучиво и неограничено му го пренесол на филмскиот продуцент: правото на преработка и вклучување на изворното дело во аудиовизуелно дело, своите материјални права и другите права на тоа аудиовизуелно дело, правото на негово преведување, аудиовизуелни преработки, како и на фотографиите создадени во врска со аудиовизуелното дело, доколку со договорот не е поинаку определено. По исклучок од став 2 на овој член, авторот на изворното дело го задржува: — исклучивото право на натамошна преработка на аудиовизуелното дело во друг уметнички вид; — исклучивото право на нови аудиовизуелни приспособувања на изворното дело по истекот на десет години од склучувањето на договорот од став 2 на овој член и — правото на соодветен надомест од филмскиот продуцент, за секое изнајмување видеограми со аудиовизуелното дело. Авторот на изворното дело не може да се откаже од правата наведени во став 3 на овој член.

Член 92 Со договор за филмска продукција се уредуваат односот на филмскиот продуцент со авторите на аудиовизуелното дело и авторите на придонесите, како и односот меѓу самите автори, согласно со овој закон. Со склучувањето на договорот за филмска продукција, се смета дека авторите, исклучиво и неограничено му ги пренесле на филмскиот продуцент сите свои материјални права и други права на аудиовизуелното дело, правото на превод, аудиовизуелната преработка, како и на фотографиите создадени во врска со тоа дело, доколку со договор не е поинаку определено. Со склучување договор за филмска продукција, се смета дека авторите на придонесите, исклучиво и неограничено му ги пренесле на филмскиот продуцент правата за користење на придонесите за довршување на аудиовизуелното дело. По исклучок на ставовите 1, 2 и 3 од овој член: — авторите задржуваат исклучиво право на натамошни преработки на аудиовизуелното дело во некој друг уметнички вид, — авторите на придонесите задржуваат право своите придонеси кон аудиовизуелното дело посебно да ги користат, доколку со тоа не се повредени правата на филмскиот продуцент и — авторите го задржуваат правото на правичен надомест од филмскиот продуцент за секое изнајмување на видеограмите со аудиовизуелното дело. Авторите и авторите на придонесите не можат да се откажат од правата наведени во став 4 на овој член.

Член 93 Авторите на аудиовизуелното дело имаат право на авторски надомест, посебно за секое пренесено материјално право или друго право на авторот. Филмскиот продуцент е должен најмалку еднаш годишно да им доставува на авторите на аудиовизуелното дело извештај за остварениот приход и тоа посебно за секој вид дозволено користење на делото.

Член 94 Аудиовизуелното дело се смета за довршено кога, согласно со договорот меѓу главниот режисер и филмскиот продуцент, е завршена првата стандардна копија на делото, што е предмет на договорот. Уништување на матрицата на копијата од став 1 на овој член не е дозволено. Измени на копијата на аудиовизуелното дело од став 1 на овој член се можни само по претходна согласност на главниот режисер и филмскиот продуцент. Во случај кога некој од авторите или авторите на придонесите нема да го заврши својот дел кон аудиовизуелното дело или поради виша сила тоа не може да го направи, нема право да се спротивставува дадениот дел да биде користен за негово довршување. За овој дел авторот ужива соодветно авторско право.

Член 95 Во случај кога филмскиот продуцент нема да го заврши аудиовизуелното дело во рок од пет години од склучувањето на договорот за филмска продукција или доколку не го дистрибуира завршеното аудиовизуелно дело во рок од една година по неговото довршување, авторите можат да го раскинат договорот, доколку не бил договорен друг рок. Во случајот од став 1 на овој член авторите и авторите на придонесите го задржуваат правото на исплата на надомест.

Член 96 На договорот за аудиовизуелно приспособување и на договорот за филмска продукција, не се однесуваат одредбите на овој закон за правото на откажување од член 17 и за пренесување на правата од членовите 65 до 68 на овој закон.



Компјутерска програма

уреди

Член 97

Компјутерска програма во смисла на овој закон, е програма во било која електронска изразна форма, вклучувајќи го и подготвителниот материјал за негова изработка, доколку е индивидуална и интелектуална творба на нивниот автор.

Идеите и концепциите што претставуваат основа за било кој елемент на компјутерската програма, вклучувајќи ги деловите од програмата што овозможуваат поврзување и интеракција меѓу елементите на програмската и машинската опрема (интерфејси), не уживаат заштита според овој закон.

Член 98

Во случај кога компјутерската програма е подготвена од работник при извршувањето на своите работни обврски или по упатство на работодавецот или кога е подготвена од автор врз основа на авторски договор за нарачка, се смета дека материјалните права и другите права на авторот на програмата, исклучиво и неограничено му се пренесени на работодавецот или нарачателот, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 99

Доколку со членовите 100 и 101 од овој закон не е поинаку определено, авторот на компјутерската програма има исклучиво материјално право да ја користи програмата и да дозволува или забранува користење на програмата особено преку:

  • репродуцирање, делумно или целосно, независно дали е времено или трајно и независно од средствата и формата, а што е потребно за внесување, прикажување, користење, пренесување или чување на компјутерската програма,
  • преведување или било која друга преработка, како и репродуцирање на резултатите од таа преработка, без влијание на правата на авторот на преработката и

- дистрибуирање на оригиналот на компјутерската програма или нејзините копии во било каква форма, вклучувајќи го и правото на изнајмување.

Авторот може со договор да ги пренесе правата од став 1 на овој член на трети лица.

Член 100

Доколку со договор не е поинаку определено, законскиот корисник на компјутерската програма може без дозвола на авторот да ги врши дејствијата наведени во член 99 став 1 алинеи 1 и 2 на овој закон, вклучувајќи и исправка на грешките потребни за користење на компјутерската програма, согласно со нејзината намена.

Законскиот корисник на компјутерската програма може без дозвола на авторот да репродуцира најмногу две копии на програмата, доколку е тоа потребно за нејзино користење.

Законскиот корисник на копија на компјутерската програма може без дозвола на авторот да го проучува или тестира работењето на програмата, со цел да ги утврди идеите што се основна карактеристика на било кој елемент на програмата, доколку тоа го прави при внесот, прикажувањето, користењето, пренесувањето или чувањето, за што е овластен.

За компјутерските програми не важат одредбите за правото на откажување од член 17, како и за приватно или друго сопствено репродуцирање од член 34 на овој закон.

Одредбите од договорот што се во спротивност со ставовите 2, 3 и 4 на овој член се ништовни.

Член 101

За репродуцирање на кодот и за промена на неговиот облик, во смисла на член 99 став 1 алинеи 1 и 2 на овој закон, не е потребна дозвола на авторот, доколку тоа е потребно за добивање информации потребни за постигнување на интероперабилност на независно креирана компјутерска програма со други програми, под услов да се исполнети следниве услови:

  • таквите дејствија да ги врши носител на дозвола или друг законски корисник или во нивно име, од нив, за таа цел, овластено лице,
  • информациите потребни за постигнување интероперабилност да не биле претходно достапни на лицата од став 1 алинеја 1 на овој член и
  • таквите дејствија да се ограничени само на оние делови од изворната програма што се потребни за постигнување интероперабилност.

Не е дозволено информациите добиени преку примена на став 1 од овој член да се:

  • користат за други намени, освен за постигнување на интероперабилност на независно креирана компјутерска програма,
  • отстапуваат на трети лица, освен кога тоа е потребно за постигнување на интероперабилност на независно креирана компјутерска прог-рама и
  • користат за развивање, производство или трговија со друга компјутерска програма, што во својот израз е слична во суштина или да се користат за било какво друго дејство со кое се повредува авторското право.

Одредбите од овој член не можат да се применуваат на начин кој во неразумна мера би го повредил авторското право или би бил спротивен на вообичаеното користење на компјутерската програма.

Одредби од договор што се во спротивност со овој член, се ништовни.

Член 102

Дистрибуција на копија на компјутерска програма или поседување копија на компјутерска програма за комерцијални цели, може да се врши само над дозволена копија.

Член 103

Одредбите од членовите 97 до 102 на овој закон, се применуваат независно од другите правни прописи за компјутерска програма (прописите за правата од индустриска сопственост, заштита на конкуренцијата, деловна тајна и слично).

СРОДНИ ПРАВА

уреди

Општи одредби

уреди

Член 104 Сродни права, во смисла на овој закон, се правата на уметниците -изведувачи над своите изведби и правата на фонограмските, филмските и сценските продуценти, на РТВ организации и на издавачите (во натамошниот текст: продуценти) над нивните фонограми, видеограми, сценски дела, емисии или изданија (во натамошниот текст: предмети на сродни права) определени со овој закон.

Член 105 Одредбите од овој закон за деловите на авторското дело, за содржината и дефинициите на материјалните права, за односите меѓу авторското право и сопственичкото право, за ограничувањата на материјалните права, за пресметување на траењето на авторското право и за пренесувањето на авторското право, соодветно се применуваат и на сродните права.

Член 106 Остварувањето и заштитата на сродните права, според овој закон, не влијае врз остварувањето и заштитата на авторското право.


Содржина на сродните права

уреди

Права на изведувачите

уреди

Член 107 Уметници-изведувачи (во натамошниот текст: изведувачи), во смисла на овој закон, се: артисти, артисти-куклари, пеачи, музичари, играорци и други лица кои со игра, песна, танц, говорење, рецитирање или на друг начин, изведуваат авторски или фолклорни дела. Како изведувачи, во смисла на овој закон, се сметаат и режисери на драмски претстави, диригенти на оркестри, раководители на хорови, мајстори на тон, како и вариететски и циркуски уметници.

Член 108 Изведувачи во состави, односно групи како, на пример: членови на оркестар, хор, танцов или драмски ансамбл или друг вид група, се должни да овластат еден од членовите за свој застапник, за давање дозволи потребни за изведување. Овластувањето од став 1 на овој член, се дава во писмена форма и важи, доколку е дадено од мнозинството изведувачи во составот, односно групата од став 1 на овој член. Одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член, не се однесуваат на режисери на драмски претстави, диригенти и солисти.

Член 109 Изведувачите имаат исклучиво морално право, при најавата на изведбата, односно на секоја снимка и обвивка на снимка од тоа изведување, на вообичаен начин, да се наведе нивното име, псевдоним или друга ознака, и тоа за: — индивидуална изведба, името на изведувачот и — изведба на состав, односно група, името на составот, односно групата, на уметничкиот раководител и на солистот.

Член 110 Изведувачите имаат исклучиво морално право да се спротивстават на секакво деформирање, сакатење или менување на нивната изведба, односно да се спротивстават на секое користење на нивната изведба што може да наштети на нивната личност, чест и углед.

Член 111 Изведувачите имаат исклучиви материјални права да ја користат или да дозволуваат или забрануваат соодветно користење на својата изведба особено за: — радиодифузно емитување на изведбата, освен кога изведбата сама по себе е радиодифузна, односно се емитува како снимка, — пренесување на живата изведба преку звучник, екран или слична направа, надвор од просторот или местото на изведување, — снимање на изведбата во живо, — репродуцирање на снимката на изведбата на фонограми и видео-грами, — дистрибуирање на фонограми и видеограми со изведбата и — изнајмување на фонограми и видеограми со изведбата. Во случај кога изведбата се остварува преку сценски продуцент, правата на изведувачите ги стекнува сценскиот продуцент согласно со овој закон, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 112 Изведувачот има право на дел од надоместот што го добива фонограмскиот продуцент за објавување на фонограмот со неговата изведба.

Член 113 Со склучување договор за производство на фонограми или видеограми, се смета дека изведувачот, по однос на својата изведба, му ги пренел на фонограмскиот продуцент, односно на филмскиот продуцент правото на снимање, репродуцирање, дистрибуирање и правото на изнајмување, доколку со договор не е поинаку определено. Независно од договорот од став 1 на овој член, изведувачот има право на соодветен надомест од фонограмскиот продуцент и од филмскиот продуцент за секое изнајмување. Изведувачот не може да се откаже од правото утврдено во став 2 на овој член.

Член 114 Во случај кога некој од изведувачите нема да го доврши своето учество кон аудиовизуелното дело или доколку поради виша сила тоа не може да го направи, нема право да се спротивстави делот од учеството да биде користен за негово довршување. За овој дел изведувачот ужива соодветни права утврдени со овој закон.

Член 115 Во случај кога изведба реализира работник при исполнувањето на своите работни обврски или по упатство на работодавец (изведба од работен однос), односите во врска со изведбата се уредуваат со соодветен колективен договор, односно договор за работа.

Член 116 Правата на изведувачот траат 50 години од денот на изведбата. Доколку во тој период снимката од изведбата е законски објавена, правата на изведувачот траат 50 години сметано од првото објавување.



Права на фонограмските продуценти

уреди

Член 117 Фонограмски продуцент, во смисла на овој закон, е физичко или правно лице што прво ќе ги сними звуците на некоја изведба или други звуци.

Член 118 Фонограмскиот продуцент има исклучиви материјални права своите фонограми да ги користи или да дозволува или забранува нивно користење за: репродуцирање, преработување, дистрибуирање и изнајмување.

Член 119 Во случај кога фонограмот, што бил издаден за комерцијални цели или неговата репродукција се користи непосредно за радиодифузно емитување, односно за било кој друг вид објавување, корисникот е должен при секое користење, да му плаќа на фонограмскиот продуцент соодветен еднократен надомест. Фонограмскиот продуцент е должен на изведувачот на фонограмот да му исплати половина од надоместот од став 1 на овој член, доколку со договор не е поинаку определено.

Член 120 Правата на фонограмскиот продуцент траат 50 години од денот на извршеното снимање. Доколку во тој период фонограмот бил законски објавен, правата на продуцентот траат 50 години сметано од првото објавување.



Права на филмските продуценти

уреди

Член 121 Филмскиот продуцент од член 90 на овој закон има исклучиви материјални права да ги користи или да дозволува или забранува издавање видеограми од своето аудиовизуелно дело.

Член 122 Филмскиот продуцент има исклучиво право на репродуцирање, дис-трибуирање, изнајмување и јавно прикажување на своите видеограми.

Член 123 Правата на филмскиот продуцент траат 50 години од денот на завршувањето на снимката. Доколку во тој период видеограмот бил законски објавен, правата на филмскиот продуцент траат 50 години сметано од првото објавување.



Права на сценските продуценти

уреди

Член 124 Сценски продуцент, во смисла на овој закон, е правно или физичко лице кое во свое име организира подготвување и изведување на сценско дело.

Член 125 Сценскиот продуцент, доколку со договор не е поинаку определено, има исклучиви материјални права да ги користи или да дозволува или забранува користење на сценското дело за: — радиодифузно емитување на сценското дело, — пренесување на сценското дело преку звучник, екран или слична направа надвор од просторот или местото на изведување, — снимање на сценското дело во живо, — преработка на снимка на фонограм или видеограм, — репродуцирање на снимката на сценското дело на фонограми или видеограми, — дистрибуирање фонограми и видеограми на сценското дело и — изнајмување фонограми и видеограми со сценското дело.

Член 126 Сценскиот продуцент има право на дел од надоместот што го добива фонограмскиот продуцент за објавување на фонограмот со сценското дело.

Член 127 Со склучување договор за производство на фонограми или видеограми, се смета дека сценскиот продуцент, по однос на делото, му ги пренел на фонограмскиот продуцент, односно на филмскиот продуцент правото на снимање, репродуцирање, дистрибуирање и правото на изнајмување, доколку со договор не е поинаку определено. Независно од договорот од став 1 на овој член, сценскиот продуцент има право на соодветен надомест од фонограмскиот продуцент и од филмскиот продуцент за секое изнајмување. Сценскиот продуцент не може да се откаже од правото утврдено во став 2 на овој член.

Член 128 Правата на сценскиот продуцент траат 20 години од денот на првото јавно изведување на сценското дело.


Права на РТВ организации

уреди

Член 129 РТВ организација, има исклучиви материјални права да ги користи или да дозволува или забранува користење на своите емисии за: — радиодифузно реемитување, вклучувајќи и одложно емитување и емитување преку сателит, — објавување на јавни места со наплата на влез, — кабловска дистрибуција на своите емисии (истовремено или одложно), — пренесување по индивидуално барање (он деманд) на снимките на емисиите на индивидуални претплатници и јавен пристап до снимките на емисиите внесени во компјутерски бази на податоци со посредство на линиска мрежа (он лине), — снимање, — репродуцирање на снимките, — дистрибуирање на снимките, — фотографирање, репродуцирање и дистрибуирање на фотографиите од снимките, — дистрибуирање сигнали на програмата пренесени преку комуникациски сателити од страна на други емитувачи, кабелски и други дистрибутери и — увезување и дистрибуирање снимки на емисии или нивно репродуцирање во држава во која не е пропишана заштита на правата на РТВ организации.

Член 130 Правата на РТВ организации траат 50 години од денот на првото радиодифузно емитување.


Права на издавачите

уреди

Член 131 Правно или физичко лице што законски ќе издаде авторско дело во книжен облик (во натамошниот текст: издавач) има исклучиви права на своето издание, согласно со овој закон. Издавачот има исклучиво право да дозволува или забранува неговите изданија да бидат репродуцирани од друго правно или физичко лице, под име на лицето по пат на фотографирање, копирање и било кој друг начин на умножување. Во случај да дозволи репродуцирање, на репродуцираното издание задолжително се наведува името, псевдонимот или ознаката на издавачот на користеното издание. Ова право не влијае на остварувањето на правото на авторот.

Член 132 Издавач кој прв пат законски ќе издаде необјавено дело врз кое истекло авторското право, ужива заштита еднаква на материјалните права и другите права на авторот утврдени со овој закон.

Член 133 Издавач кој ќе издаде објавено критичко или научно дело врз кое истекле авторските права, ужива заштита еднаква на материјалните права и другите права утврдени со овој закон.

Член 134 Правата од членовите 131 став 2, 132 и 133 на овој закон траат 25 години од законското издавање на делото.



ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА

уреди

Општи одредби

уреди

Член 135 Авторот може своите морални, материјални или други права да ги остварува лично или преку застапник. Одредбите од оваа глава што се однесуваат на остварување на авторското право, односно авторот, соодветно се применуваат и на сродните права, односно на носителот на сродното право.

Член 136 Авторското право се остварува одделно за секое авторско дело (во натамошниот текст: индивидуално остварување) или доколку со овој закон е определено, заедно за повеќе авторски дела од повеќе автори (во натамошниот текст: колективно остварување).

Член 137 Остварувањето на авторското право преку застапник, го опфаќа застапувањето на авторот во: — правните работи и односите со носителите на правата, односно корисниците на неговото дело, вклучувајќи го и прибирањето авторски надомест и — постапките пред судовите и други органи заради заштита на неговото авторско право.


Колективно остварување

уреди

Член 138 Колективното остварување на авторско право се врши само за објавено авторско дело. Колективното остварување на авторско право содржи: — пренесување неисклучиви права за користење авторско дело, — прибирање и распределба авторски надоместоци од користењето на авторското дело и — остварување заштита на правото пред судови и други органи.

Член 139 Колективно се остваруваат следниве права: — јавно изведување несценско музичко и несценско книжевно дело (мали права), — право на следство и — кабловско реемитување на авторски дела, освен емитување од РТВ организации, независно дали се работи за нивните сопствени права или правата им се пренесени од други носители на права.

Член 140 Колективно може да се остваруваат и следниве права: — репродуцирање на музички и книжевни дела на фонограми и видеограми (механички права), — изнајмување на фонограми и видеограми, — објавување, односно репродуцирање делови на авторски дела, како и дела од областа на фотографијата, ликовната и применетата уметност, архитектурата, дизајнот и картографијата, за наставни цели, — објавување актуелни написи од дневен и периодичен печат во кој се расправа за општи прашања, доколку тоа авторот изрично не го забранил, — репродуцирање, јавно прикажување и друго објавување дела во рамките на пропагандните емисии во траење до 60 секунди и — репродуцирање на авторски дела изложени на јавни места, за комерцијални цели.

Член 141 Колективно остварување вршат здруженија на автори основани за таа цел (во натамошниот текст: здружение). Здружението од став 1 на овој член, работи со непрофитна цел и може да врши само колективно остварување. Со здружението управуваат членовите, во согласност со статутот на здружението.

Член 142 Статутот на здружението содржи особено одредби за: — име, што не може да биде идентично со име на друго здружение, — видови права што се остваруваат, — услови за стекнување и престанок на членство, — управување со здружението, во зависност од категориите на носи-тели на авторски права (автори на изворно дело по видови и жанрови, автори на преработката, автори на преводот и слично, наследници, издавачи, работодавци), како и видови членство (редовно, вонредно, времено, почесно и друго), — членарина според категории права и видови членства, — права, должности и одговорности на членовите, — органи на здружението, нивна надлежност, избор и разрешување, — процедурални прашања, — основни начела за распределба на авторските надоместоци меѓу авторите, односно носителите на правата, — надзор врз финансиското и материјалното работење и — начин на распределба на имотот на здружението во случај на негов престанок.

Член 143 Здружението се регистрира во надлежен орган, а почнува со работа по издадена дозвола од Министерството за култура. Министерството за култура ја издава дозволата од став 1 на овој член, доколку здружението ги исполнува следниве услови: — да има седиште во Република Македонија, — да е отворено за сите автори, — статутот да е во согласност со овој закон и — да се обезбедува ефикасно и економично остварување на правата на целата територија на Републиката. При утврдувањето на условите за ефикасно остварување на правата од став 2 алинеја 4 на овој член, Министерството за култура ги има предвид особено: бројот на авторите кои склучиле договор со здружението, обемот на користењето на авторските дела, односно бројот на можните корисници, начинот и средствата со кои здружението има намера да ги постигне своите цели, начинот и учеството на членовите во органите и одлучувањето, начелата за распределба на авторските надоместоци меѓу авторите, како и можностите за остварување на правата во странство.

Член 144 Министерството за култура издава дозвола на здружението врз основа на јавен конкурс што се објавува во «Службен весник на Репуб-лика Македонија». За колективно остварување на утврдените права од членовите 139 и 140 на овој закон, за ист вид авторски дела, по правило се издава дозвола само на едно здружение. Министерството за култура издава дозвола со решение, против кое е дозволена жалба. По жалбата одлучува Владата на Република Маке-донија. Конечното решение од став 3 на овој член се објавува во «Службен весник на Република Македонија».

Член 145 Министерството за култура ќе ја одземе издадената дозвола, доколку здружението не ги остварува обврските утврдени со статутот и овој закон. Во тој случај Министерството за култура прво писмено го опоменува здружението и му определува рок од најмалку 30 дена за отстранување на утврдените неправилности. За одземање на дозволата, Министерството за култура донесува решение, против кое е дозволена жалба до Владата на Република Македонија. Одземањето почнува да важи по истекот на 30 дена од денот на објавувањето на конечното решение во «Службен весник на Република Македонија».

Член 146 Здружението донесува општи акти и тарифи за користење на авторските дела. Со договори меѓу здружението и корисниците можат да се утврдат и други посебни тарифи. Здружението ги доставува тарифите до Министерството за култура на согласност. Тарифите, за кои е дадена согласност, се објавуваат во «Службен весник на Република Македонија».

Член 147 Здружението донесува правилник за распределба на авторските надоместоци, во согласност со статутот и со овој закон. Со распределбата се остварува принципот за поттикнување и пома-гање на творештвото. За покривање на трошоците на здружението може да се користат најмногу 30 % од прибраните авторски надоместоци. Здружението го доставува правилникот од став 1 на овој член до Министерството за култура за согласност. Правилникот, за кој е дадена согласност, се објавува во «Службен весник на Република Македонија».

Член 148 Здружението го остварува авторското право врз основа на договор со авторот. Договорот од став 1 на овој член ги содржи особено: овластувањето за остварување на правата, видот на делото, правото што се остварува, времетраењето на договорот и посебните права во случај на неостварување на договорот. За времето, за кое, колективното остварување на авторското право според закон или со договор е пренесено на здружението, авторот нема право индивидуално да ги остварува тие права. Правата од член 139 на овој закон, надлежното здружение ги остварува по сила на закон и независно дали е склучен договор со авторот.

Член 149 Здружението води постапки за остварување на авторското право пред судовите и други органи во свое име, а за сметка на авторот и за тоа е должно да го известува авторот.

Член 150 Доколку автор побара остварување авторско право од здружението, согласно со овој закон и со статутот на здружението, здружението не може да го одбие барањето.

Член 151 Здружението е должно, секогаш, на барање на авторот, да му дава податоци за остварување на неговото право. На барање на корисникот, здружението е должно, согласно со своите акти, да склучува договори за пренесување неисклучиви права за кои е овластено да ги остварува. Доколку странките од став 2 на овој член не се договорат за висината на надоместот, се смета дека соодветното право е пренесено, доколку оној којшто го бара, уплати на сметка на здружението или во судот, износ што здружението го пресметува според своја тарифа.

Член 152 Организаторот на културно-уметнички и забавни приредби, како и другите корисници на авторските дела, се должни, од соодветното здружение, претходно, да добијат дозвола за јавно изведување, односно објавување на авторските дела, во случаите наведени во овој закон, а во рок од 15 дена по изведувањето, односно објавувањето, на здружението да му достават преглед на сите изведени, односно објавени дела и да уплатат износ согласно со тарифата на здружението. На барање на авторот или здружението, органот за внатрешни работи го забранува изведувањето, односно објавувањето на авторското дело, доколку организаторот претходно не добил дозвола согласно со став 1 на овој член. РТВ организациите се должни еднаш месечно да му доставуваат на надлежното здружение прегледи на емитуваните авторски дела. Сопственикот на оригиналните ликовни дела и ракописите на книжевни и музички дела, односно организаторот или посредникот на продажбата на овие дела, е должен да му доставува на надлежното здружение податоци за продадените дела, за продавачот и за малопродажната цена, во рок од 30 дена по извршеното продавање.

Член 153 Кога вршењето на определената дејност е поврзано со стекнување право од член 139 на овој закон, надлежниот орган за издавање дозвола за вршење на дејноста, нема да издаде дозвола, доколку вршителот на дејноста претходно не склучил договор со надлежното здружение.

Член 154 Секој член на здружението може, во рок определен со статутот, да побара увид во годишниот финансиски извештај и извештајот на надзорниот орган на здружението. Мнозинството членови на здружението можат да побараат еден или повеќе надворешни независни стручни лица, да го прегледаат работењето на здружението.

Член 155 Надзор над колективното остварување на авторското право и на сродните права се врши согласно со овој и со друг закон. Здружението е должно да го известува Министерството за кулура за склучување договори со здруженија на корисниците и за склучување договори со странски здруженија што вршат иста дејност, како и за измена на статутот. Доколку Министерството за култура не се произнесе во рок од два месеци од доставувањето на актите определени со овој закон за кои е потребна согласност од Министерството, се смета дека согласноста е дадена.



ЗАШТИТА НА ПРАВАТА

уреди

Општи одредби

уреди

Член 156 Лице, чии права според овој закон се повредени, може да побара заштита на правата и надомест на штета, доколку со овој закон не е поинаку определено. Носителот на правото може да побара заштита од став 1 на овој член и кога се заканува вистинска опасност од повреда на правата според овој закон.

Член 157 Кога постојат повеќе носители на некое право од овој закон, секој од нив може да побара заштита на правото во целост. Кога постојат повеќе сторители на повредата на некое право од овој закон, секој од нив одговара за повредата во целост.

Член 158 Се смета дека некое лице ги крши исклучивите права, според овој закон, кога произведува, увезува, поседува за комерцијални цели, дистрибуира, изнајмува или на друг начин користи било какви средства: — чија единствена или претежна намена е неовластено отстранување или оштетување техничка опрема или компјутерска програма, што се користи како законска заштита од неовластено користење и — што овозможува или помага, кога за тоа нема овластување, јавноста да прима кодирани радио или телевизиски програмски сигнали.


Граѓанско-правна заштита

уреди

Член 159 Носител на правото, за повреда на правата од овој закон, може да побара: — на тужениот да му се забранат подготовките за повреда, самата повреда што е во тек и идните повреди, — тужениот да ја отстрани состојбата што настанала со повредата, — да се уништат или преработат противправните примероци и амбалажата или изведбата и други предмети на заштита според овој закон, — да се уништат или преработат матриците, негативите, плочите, калапите или други средства со кои повредата била извршена, — да се уништи или преработи опрема што единствено или претежно е наменета за повреда на правата според овој закон, што е во сопственост на тужениот и — пресудата да се објави на сметка на тужениот во јавните гласила во обем и на начин што ќе ги определи судот. Одредбите од став 1 алинеи 2 и 3 на овој член не се однесуваат на архитектонски објекти, освен доколку уништувањето или преработката на објектот по однос на околностите на случајот се оправдани. Носителот на правото може да побара тужениот или сопственикот, наместо барањата, да му ги отстапи примероците или средствата од став 1 алинеи 3 и 4 на овој член.

Член 160 Доколку материјално или друго право или сродно право, според овој закон, е повредено со намера или крајна небрежност, носителот на правото може да побара во граѓанска постапка исплата на договорениот или вообичаениот надомест за тој вид користење, зголемен за 200 %, независно дали заради повредата претрпел имотна штета (граѓанска казна). При одлучувањето по барањето за плаќање казна од став 1 на овој член и одмерувањето на нејзината висина, судот ќе ги има предвид сите околности на случајот, посебно степенот на вината на тужениот, износот на договорениот или вообичаениот надомест, како и превентивната цел на казната. Доколку имотната штета е поголема од казната, носителот на правото има право да побара разлика до целосното обештетување.

Член 161 При повреда на морално право и при непостоење на имотна штета, судот може да пресуди на авторот или на изведувачот да им се исплати праведна парична оштета за претрпена повреда на неговата личност, чест и углед, односно за неимотна штета, доколку утврди дека околностите на случајот, посебно степенот на повредата и нејзиното траење тоа го оправдуваат.

Член 162 Доколку носителот на правото пријави дека дошло до повреда на неговото исклучиво право според овој закон, судот, на негов предлог, може да определи привремени мерки заради обезбедување непарични побарувања според овој закон, а особено: — да се запленат, исклучат од промет и сочуваат примероци, средства, опрема и документи во врска со нив, — да се забранат дејствија на евентуални повреди или нивно продолжување и — да се донесат други слични мерки. Доколку постои основано сомнение дека заштитата од став 1 на овој член подоцна не може да се оствари, судот може да ги изрече и да ги изврши мерките од истиот став, без претходно известување и сослушување на спротивната страна. Постапката за привремени мерки е итна. За постапката за донесување на привремени мерки се применуваат прописите за извршната постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 163 Доколку носителот на правото пријави дека неговото исклучиво право од овој закон е повредено и дека постои основано сомнение дека доказите за таа повреда ќе бидат уништени или дека подоцна не ќе може да се обезбедат, судот, на негов предлог, може да ги обезбеди тие докази без претходно известување и сослушување на спротивната страна. Обезбедувањето на доказите од став 1 на овој член, може да опфати претрес, односно увид на просториите, документацијата, инвентарот, базите на податоци, компјутерските програми или други работи, преглед и одземање документи, сослушување сведоци, наоди и изјави од стручни лица. Одлуката, со која е прифатен предлогот за обезбедување докази, заедно со предлогот, & се врачува на спротивната страна при самото обезбедување на доказите, а доколку тоа не е можно, тогаш кога ќе биде можно. Приговорот против одлуката не ја одложува одлуката. Постапката за обезбедување докази е итна. За постапката за обезбедување докази се применуваат прописите за процесната постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.


Мерки за обезбедување заштита

уреди

Член 164 Носителот на правото може да побара од лицата кои имаат било каква врска со повредата на правата според овој закон (произведувач, печатар, увозник, консигнатор или сопственик, односно имател на примероци, предмети на сродни права или средства со кои било повредено правото), без одлагање да му ги достават податоците и документите во врска со повредата. Обврската од став 1 на овој член не се однесува на случаи кога се исполнети условите за повлекување изјава или одговор на одделни прашања во процесната постапка. Доколку лицата од став 1 на овој член, не ги достават податоците или документите со кои располагаат, одговараат за надомест на штета што настанува заради недоставувањето.

Член 165 Доколку носителот на правото пријави дека со увоз на определена стока во државата, неговото исклучиво право според овој закон е повредено, царинските органи, на негово барање, можат да ги определат следниве царински мерки: — носителот на правото или неговиот застапник да ја прегледа таа стока и — стоката да се заплени, да се исклучи од промет или да се складира на безбедно место. Со барањето од став 1 на овој член, носителот на правото е должен да им достави на царинските органи детален опис на стоката, потребни докази за своите исклучиви права и нивната веројатна повреда. На барање на царинските органи, носителот на правото е должен да положи кауција за штетата што би настанала со тие мерки. Царинските органи се должни, за донесените мерки, веднаш да ги известат увозникот и примачот на стоката. Царинските органи ќе ги укинат донесените мерки, доколку носителот на правото во рок од десет дена не поднесе тужба или не започне некоја друга постапка за извршување на донесените мерки.

Член 166 Заради обезбедување докази или од други причини авторот, односно носителот на право според овој закон, може да регистрира и депонира оригинали или примерок на свое дело, фонограм, видеограм или предмет од некое друго свое право кај застапник, односно здружение.

Член 167 Носителот на исклучиво авторско право од овој закон, може да го означи оригиналот или примероците од своето дело со ознака © пред своето име, псевдоним или ознака и годината на првото објавување. Носителот на исклучиво право на фонограм според овој закон, може да го означи оригиналот или примероците на својот издаден фонограм или обвивките со ознака ® пред своето име, псевдоним или ознака и годината на првото објавување. Доколку не се докаже спротивното, исклучивите права на делата, односно фонограмите, му припаѓаат на лицето означено согласно со ставовите 1 и 2 на овој член. Одредбите од овој член немаат влијание врз настанувањето и заштитата на правата според овој закон.



Казнени одредби

уреди

Член 168

Со парична казна од четири до 20 плати, ќе се казни за прекршок правно лице кое:

  • без пренесување на соодветно материјално право од авторот, во случаи кога таквиот пренос е потребен според овој закон, репродуцира, дистрибуира, издава, изнајмува, јавно изведува, јавно пренесува, јавно прикажува, јавно изложува, радиодифузно емитува, радиодифузно реемитува, преработува или аудиовизуелно приспособува дело, односно примероци на делото или на друг начин неовластено користи авторско дело (член 19),
  • без наведување на изворот и потеклото, со сакатење или на друг начин, недостојно користи дело од народното творештво (член 42 став 2),
  • без наведување на името, псевдонимот или друга ознака на авторот или со нарушување на интегритетот на целината на делото или со деформирање или со друго користење дело на начин што може да наштети на личноста, честа и угледот на авторот, користи дело на кое истекла заштитата на авторското право (член 52 во врска со член 16 алинеи 4 и 5),
  • не води соодветни книги или друга евиденција за висината на остварената добивка во случај кога надоместот е договорен или определен во зависност од остварената добивка или не овозможи увид во евиденцијата или не доставува извештаи за остварената добивка на носителот на авторското право (член 70),
  • дистрибуира копија на компјутерска програма или поседува, за комерцијални цели, копија на компјутерска програма што е или може да се претпостави дека е недозволена копија (член 102),
  • без пренесување на соодветно исклучиво право од носителот на сродно право (изведувачот или продуцентот) во случаи кога пренесувањето е потребно според овој закон, јавно изведува, репродуцира, дистрибуира или изнајмува снимки од изведбата, сценското дело, фонограмите, видеограмите или изданијата (членови 108, 111, 118, 122, 125, 131, 132 и 133),
  • без пренесување на соодветно исклучиво право од РТВ организација, во случај, кога таквиот пренос е потребен според овој закон, снима, репродуцира, дистрибуира снимки од програмата или на друг начин користи снимки (член 129);
  • одбие колективно остварување на авторско право и сродно право кога тоа ќе го побара носителот на авторско право или сродно право (член 150),
  • не дава податоци за колективното остварување на авторско право и сродно право по барање на носителите на правата или не склучи договор за пренесување на неисклучивите права (член 151 ставови 1 и 2),
  • произведува, увезува, поседува за комерцијални цели, дистрибуира, изнајмува или за друго користење, било какви средства, чија единствена или претежна намена е бесправно да се отстрани или оштети техничка опрема или компјутерска програма, што се употребува како законска заштита од неовластено користење (член 158, алинеја 1) и
  • произведува, увезува, поседува за комерцијални цели, дистрибуира, изнајмува или на друг начин користи било какви средства, кои овозможуваат или помагаат јавноста да прима кодирани радио или телевизиски програмски сигнали, а која за тоа нема овластување(член 158 алинеја 2).

Со парична казна од една петтина до три плати ќе се казни и одговорното лице во правното лице и поединец кој врши самостојна дејност или професија, за прекршокот од став 1 на овој член.

Со парична казна од една десеттина до една половина од плата, ќе се казни и физичко лице за прекршокот од став 1 на овој член.

За прекршокот од став 1 на овој член, на правното лице, односно на поединецот кој врши самостојна дејност или професија, ќе му се изрече и заштитна мерка забрана на вршење на дејноста во траење од три месеци до една година, а на соодветното здружение ќе му се одзема дозволата за колективното остварување на авторското право и сродните права и заштитна мерка одземање на примероците на авторското дело од алинеја 1, копиите од компјутерската програма од алинеја 5, снимките на изведбата, односно сценското дело, како и фонограмите и видеограмите од алинеја 6, снимките на програмите од алинеја 7, како и средствата од алинеите 10 и 11 на овој член.

За прекршокот од став 1 на овој член, на физичко лице ќе му се изрече и заштитна мерка одземање на предметите од став 4 на овој член.

Член 169

Со парична казна од четири до десет плати, ќе се казни за прекршок правно лице кое:

  • нема да му овозможи на авторот увид во јавното изведување на делото или нема да му обезбеди соодветни технички услови за изведувањето (член 81),
  • на надлежно здружение нема да му достави во определен рок преглед, односно податоци за користените дела (член 152 ставови 1 и 3) и
  • на надлежно здружение нема да му достави во определен рок податоци за продадени оригинали на ликовни дела и ракописи на книжевни и музички дела, за продавачот на оригиналите и ракописите (член 152 став 4).

Со парична казна од една петтина до две плати, ќе се казни и одговорното лице во правното лице и поединец кој врши самостојна дејност или професија, за прекршокот од став 1 на овој член.

Со парична казна од една десеттина до една половина од плата, ќе се казни физичко лице, за прекршокот од став 1 на овој член.

За прекршокот од став 1 на овој член, на правното лице, односно на поединецот кој врши самостојна дејност или професија, ќе му се изрече заштитна мерка забрана за вршење на дејноста во траење од три месеци до една година.

Надзор

уреди

Член 170

Управен надзор над остварувањето на овој закон врши Минис-терството за култура, согласно со овој и со друг закон. Кога овластено лице (во натамошниот текст: инспектор) при вршење на надзорот основано се посомнева дека е направен прекршок, со решение привремено ги одзема предметите што биле користени или наменети за извршување на прекршокот или биле создадени со прекршокот, согласно со овој закон.

Инспекторот, предметите што привремено ги одзел, истовремено со предлогот за поведување постапка за прекршок ги предава на надлежниот орган за прекршочна постапка.

ВАЖЕЊЕ НА ЗАКОНОТ

уреди

Член 171

Заштита според овој закон уживаат автори и носители на сродни права кои се државјани на Република Македонија односно имаат свое седиште во Републиката.

Странски автори и странски носители на сродни права уживаат еднаква заштита како и лицата од став 1 на овој член, доколку така е определено со меѓународен договор или со овој закон или ако постои фактички реципроцитет.

Независно од другите одредби од Глава осма на овој закон, странците уживаат заштита по овој закон во однос на моралните права во сите случаи, а во однос на правото на следство, под услов на фактички реципроцитет. Реципроцитетот го докажува оној којшто се повикува на него.

Член 172

Заштита според овој закон уживаат странски автори:

  • кои имаат престојувалиште во Република Македонија,
  • на дела што прв пат се објавени во Републиката или објавени во Републиката во рок од 30 дена од денот кога биле прв пат објавени во друга држава,
  • на аудиовизуелни дела, чиј продуцент има свое седиште или престојувалиште во Републиката и
  • на архитектонско или ликовно дело, кое како недвижност, односно негов составен дел се наоѓа на територијата на Републиката.

Доколку авторското дело го создале повеќе автори, заштита по овој закон уживаат сите автори, доколку најмалку еден од нив исполнува еден од условите од став 1 на овој член.

Член 173

Заштита по овој закон уживаат странски изведувачи:

  • кои имаат престојувалиште во Република Македонија,
  • чии изведби се остваруваат на територијата на Републиката,
  • чии изведби се снимени на фонограми, што уживаат заштита според овој закон и
  • чии изведби се преземени во емисиите на РТВ организации, но не со цел да бидат снимени на фонограми, што уживаат заштита според овој закон.

Доколку во изведбата учествуваат повеќе изведувачи, заштита според овој закон уживаат сите, доколку најмалку еден од нив е државјанин на Република Македонија или има престојувалиште во Републиката.

Член 174

Заштита, според овој закон, уживаат странски произведувачи на фонограми и филмски продуцент, чиј фонограм или видеограм е прв пат снимен во Република Македонија.

Заштита, според овој закон, ужива странски издавач во однос на своите сродни права, доколку изданието било првпат издадено во Републиката или било издадено во Републиката во рок од 30 дена од денот кога било првпат издадено во друга држава.

Член 175

Заштита, според овој закон, ужива странска РТВ организација што ги пренесува своите програми преку предаватели што се наоѓаат на територијата на Република Македонија.

Член 176

За странски носители на сродни права, кои уживаат заштита според овој закон, важат роковите за времетраење на тие права согласно со овој закон, а истекуваат најдоцна до денот до кога трае заштитата во државата чиишто се државјани или во која имаат седиште, но не подолго од роковите утврдени со овој закон.

Член 177

Заштита, според овој закон, ужива странски автор и странски носител на сродно право, чие дело, изведба или предмет на сродно право е објавено во Република Македонија преку сателит, доколку соодветни програмски сигнали во непрекинат комуникациски синџир, што води до сателитот и назад до земјата во Републиката, се внесени под контрола на надлежна РТВ организација.

Заштита, според овој закон, се остварува независно дали е исполнет условот од став 1 на овој член, доколку:

  • во Републиката се наоѓа приемно-отпремна станица, од која се пренесуваат програмските сигнали или
  • РТВ организацијата што нарачала емитување преку сателит е со седиште во Републиката.

Член 178

Авторите и носителите на сродни права, кои немаат државјанство или чие државјанство не може да се утврди — апатриди, уживаат еднаква заштита според овој закон како и државјаните на Република Македонија, доколку имаат престојувалиште во Републиката.

Лицата од став 1 на овој член кои немаат престојувалиште во Републиката или доколку тоа не може да се утврди, но имаат нужно сместување во Републиката, уживаат еднаква заштита како државјаните на Републиката.

Лицата од став 1 на овој член кои немаат ниту престојувалиште ниту нужно сместување во Република Македонија, во Републиката уживаат еднаква заштита како државјаните на државата во која имаат престојувалиште или нужно сместување.

Одредбите од овој член се однесуваат и на странски автор и на странски носител на сродни права, кои според меѓународните договори или прописите на Република Македонија, има статус на бегалец.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

уреди

Член 179

Министерството за култура го распишува конкурсот од член 144 на овој закон заради издавање дозвола за колективно остварување на авторското право и сродните права, во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Доколку врз основа на конкурсот од став 1 на овој член не издаде дозвола, Министерството може да издаде привремена дозвола за колективно остварување на определени права, на правно лице што не ги исполнува условите од член 142 на овој закон. Во привремената дозвола се определува рокот и условите за привремено колективно остварување.

Член 180

Здружение што пред донесувањето на овој закон колективно ги остварувало авторските права од членовите 91 и 93 на Законот за авторското право («Службен лист на СФРЈ» број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90), може да продолжи со работа без дозвола на Министерството за култура, сè додека Министерството за култура не издаде дозвола за колективно остварување на истите права на друго здружение што ги исполнува условите од овој закон.

Тарифите, односно правилниците на здружението од став 1 на овој член донесени пред влегувањето во сила на овој закон врз основа на членот 91-а од Законот за авторското право («Службен весник на СФРЈ» број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90), се доставуваат до Министерството за култура во рок од 30 дена по влегувањето во сила на овој закон, заради согласност.

Член 181

Одредбите на овој закон за надомест за објавување фонограми (членови 112 и 119) ќе се применуваат по две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 182

Одредбите на овој закон не се однесуваат на договори или дејствија за користење што биле склучени или извршени пред неговото влегување во сила, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 183

Одредбите на овој закон за компјутерски програми и бази на податоци се применуваат и за компјутерски програми и бази на податоци создадени пред денот на неговото влегување во сила, доколку со тоа не се посега во договорите и правата склучени или стекнати до тој ден.

Член 184

Овој закон се применува за сите авторски дела и изведби на изведувачи, што во моментот на неговото влегување во сила уживале заштита врз основа на Законот за авторското право («Службен лист на СФРЈ» број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90).

Овој закон се применува и на предмети на сродни права, доколку до денот на влегувањето во сила на Законот не изминале 20 години од денот кога прв пат биле законски издадени, односно снимени.

Член 185

Со денот на влегување во сила на овој закон, престанува да важи Законот за авторското право («Службен лист на СФРЈ» број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90).

Член 186

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во «Службен весник на Република Македонија».


Измени и дополнувања

уреди



Конвенции

уреди
  1. Универзална Копирајт Кинвенција, усвоена во Женева во Септември 1952, ревидирана во Париз на 24 Јули 1971 година;
    Закон за ратификацијана универзалнаат копирајт конвенција, (Службен весник на СФРЈ, 54/73) — Преземен од поранешна СФРЈ врз база на сукцесија;
  2. The Berne Convention for the Protection of Literary and Artistic Works, Paris Act of July 24, 1971, as amended on September 28, 1979;
    Law on Ratification of the Berne Convention for the protection of Literary and Artistic Works, of March 12, 1975, Belgrade (Official Gazette of SFRY, 14/75 and 14/86) — Taken over from former SFRY on the base of succession; By Notification Berne No. 187 revoked the reservation of nonapplication of the Article 8 from the Convention;
  3. Rome Convention, International Convention for the Protection of Performers, Producers of Phonograms and Broadcasting Organisations, at Rome, October 26, 1961;
    Law on ratification of the Rome Convention, International convention for the protection of performers, producers of phonograms and broadcasting organisations, (Official Gazette of RM, 50/97) — With reservations of nonapplication of the Article 5 (1) (c) according to Article 5 (3) of the Convention and Article 12 according to Article 16 (1) (a) (i) of the Convention;
  4. Convention for the Protection of Producers of Phonograms Against Unauthorized Duplication of Their Phonograms, of October 29, 1971;
    Law on Ratification of the Convention for the Protection of Producers of Phonograms Against Unauthorized Duplication of Their Phonograms, (Official Gazette of RM, 47/97);
  5. Convention Relating to the Distribution of Programme — Carrying Signals Transmitted by Satellite, at Brussels on May 21, 1974 (Official Gazette of SFRY) — Taken over from former SFRY on the base of succession.

1. WIPO Copyright Treaty, of December 20, 1996; and

2. WIPO Performances and Phonograms Treaty, of December 20, 1996; Provisions of the both Treaties incorporated.

Директиви на Европскиот Совет

уреди
  1. Council Directive on the legal protection of computer programs, No. 91/250/EEC of May 14, 1991;
  2. Council Directive on rental right and lending right and on certain rights related to copyright in the field of intellectual property, 92/100/EEC of November 19, 1992;
  3. Council Directive on the coordination of certain rules concerning copyright and rights related to copyright applicable to satellite broadcasting and cable retransmission, 93/83/EEC of September 27, 1993;
  4. Council Directive harmonizing the term of protection of copyright and certain related rights, 93/98/EEC, of October 1993;
  5. Directive 96/9/EC of the European Parliament and of the Council of March 11, 1996 on the Legal Protection of Databases (referred to databases in the part of provisions of databases as copyright work. Sui generis right of databases not incorporated yet).

Препораки на Советот на Европа

уреди
  1. Council Recommendation on the rules referred to the copyright matters in the field of satellite and cable television, No. R (86) 2;
  2. Council Recommendation on sound and audiovisual private reproduction, No. R (88) 1;
  3. Council Recommendation on the measures against piracy in the field of copyright and related rights, No. R (88) 2;
  4. Council Recommendation on the rules referred to copyright matters in the field of reprography, No. R (90);
  5. Council Recommendation on the legal protection of the encoded television broadcasts, No. R (91) 14.

Друга регулатива

уреди
  1. Agreement on Trade — Related Aspects of Intellectual Property Rights (TRIPS Agreement, 1994)