Жени ме мамо, жени ме
- Жени ме мамо, жени ме,
- Жени ме слатка ле мамо,
- Дур' сум млад ерген.
- Дури ме мамо, дури ме,
- Дури ме слатка ле мамо,
- Моми сакаат.
- Дури ми, дури ми,
- Дури ми слатка ле мамо,
- Китка прилега.
- Да земам мамо, да земам,
- Да земам слатка ле мамо,
- Мома убава.
- За тебе мамо, за тебе.
- За тебе и за мојот татко,
- Радост голема.