- Еј ти моме, мало моме,
- Блазе тебе на душата.
- Блазе тебе на душата,
- Што си спиеш при мајка ти,
- При мајка ти, при татко ти.
- Ами јаска, сам сиромав,
- Сам легнувам, сам станувам.
- Сам легнувам, сам станувам,
- На полноќ се разбудувам.
- На полноќ се разбудувам,
- Мало моме побарувам.
- Мало моме побарувам,
- Побарувам, на најдувам.
- Побарувам, не најдувам,
- Ал' перница заграбувам.
- Ал' перница заграбувам,
- Дробни солзи проронувам.
- Дробни солзи проронувам,
- Ал' шамиче натопувам.
- Ал' шамиче натопувам,
- На гради го исушувам