Ете така дедо Димо
- Ете така дедо Димо
- на старост се жени,
- зеде жена на помлада,
- стотин' кила мери.
- Викна зурли, ем тапани,
- триста и пет свата,
- седум попа и три ѓака,
- думи старосвата.
- Па си трга на венчило,
- сè што беше ојде,
- до црквата дедо Димо
- без душа ми дојде.