5 глава Естира
6 глава
од н.п.
7 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Во таа ноќ царот не можеше да заспие. Затоа нареди да мудонесат и да му читаат од книжниот свиток за знаменитите настани, од Летописите.
  2 Таму се најде запишано како Мардохеј ги поткажа Вихтана и Тереса, двајцата цареви дворјанци, чувари на прагот, кои се подготвуваа да подигнат рака против царот Ахасвер.
  3 Царот праша: „Каква чест и какво одликување му се дадени на Мардохеја за сè тоа?” Царевите слуги, дворјанците кои го слушаа, одговорија: „Ништо не е сторено за него.”
  4 Тогаш царот праша: „Кој е во предворјето?” А во надворешниот двор на царскиот дворец беше стигнал Аман, за да бара да го обесат Мардохеја на бесилката, што веќе беше направена за него.
  5 Царевите службеници одговорија: „Ене, Аман се наоѓа во предворјето.” „Нека влезе!” нареди царот.
  6 Штом Аман влезе, царот го праша: „Што треба да му се направи на човекот, кого царот сака да го почести?” Аман си рече во себе: „Кого сака царот да го почести ако не мене?”
  7 Затоа му одговори на царот: „За човекот кого царот сака да го почести
  8 треба да бидат донесени царските облеки, што самиот цар ги облекува, и да биде доведен коњот кого царот го јава, и да му биде ставен царски венец на главата.
  9 Облеките и коњот царот нека му ги предаде на еден од најугледните цареви кнезови, за тој да го облече оној кого царот сака да го почести и нека го одведе на коњ до градското трговиште, извикувајќи пред него: „Така му бидува на оној кого царот сака да го почести!”
10 Тогаш царот му нареди на Амана: „Земи ги веднаш облеките и коњот како што рече, па направи така со Евреинот Мардохеј, кој седи при царевата врата, и не пропуштај ништо од она што си рекол!”
11 Аман ги зеде облеките и коњот: го облече Мардохеја во облеките и го помина на коњот по улиците на градот, викајќи пред него: „Така му бидува на оној кого царот сака да го почести!”
12 Малку потоа Мардохеј се врати кај царевата врата, а Аман тажен и со покриена глава, отиде бргу дома
13 та и раскажа на Сереса, својата жена, и на сите свои пријатели, што се случи. Неговите советници и жената Сереса му рекоа: „Ако Мардохеј пред кого почна да се сопнуваш, му припаѓа на Еврејскиот род не ќе го надвиеш, туку тој без друго ќе те обори.”
14 Уште разговараа за тоа, кога ете ги царевите дворјанци. Дојдоа да го бараат Амана за да го одведат бргу на гозбата што ја подготвила Естира.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse